|
|
|
 |
|
ДОСЕГАШНИ И СЕГАШЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОВОЈ СУД
Во периодот од 1954 година па до сега претседатели на овој суд биле:
1. Боро Доганџиски
2. Тошо Смилевски
3. Тодор Анастасов
4. Димитар Стојчев
5. Блажо Петковски
6. Михајло Маневски
7. Генко Андоновски
8. Ленче Софрониевска
9. Филимена Маневска
10. Ведат Вели
11. Јордан Митриновски
КРАТКА БИОГРАФИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СУДОТ

АРСЕНИЕВСКА Тодор ЉУПКА
Родена е на 9.5.1950 г. во Скопје. Живее во Скопје. По националност е Македонка.
Дипломирала на Правен факултет во Скопје на 21.3.1974 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 18.6.1975 г.
Веднаш по дипломирањето, од 1.6.1974 г. се вработила како приправник во Окружен стопански суд Скопје, а по положувањето на правосудниот испит била стручен соработник во истиот суд.
Првпат била избрана за судија во Општински суд Скопје II Скопје на 5.10.1977 г., каде постапувала по граѓански предмети.
Од 1.11.1985 г. до 30.6.1996 г. била судија во Републички суд за прекршоци Скопје.
На 2.4.1996 г. со одлука за избор 08-1248/1 (Сл.в. на РМ бр.17/96 од 10.4.1996 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапувала по предмети во одделот за работни спорови, била претседател на совет и претседател на одделот за работни спорови.
На 23.12.2010 г. е определена за Вршител на должност претседател на Апелациониот суд Скопје.
На 31.01.2011 г. е избрана за Претседател на Апелациониот суд Скопје.
СУДИИ
За постапување по предметите во надлежност на Апелациониот суд Скопје, од страна на Судскиот совет на Република Македонија донесена е одлука со која е утврдено дека бројот на судиите на овој Суд ќе изнесува 52 судии.
ОРОВЧАНЕЦ ГРАТЧАНОСКА Кирил КАТЕРИНА - КРИВИЧЕН ОДДЕЛ  Родена на 23.9.1950 г. во Скопје. Живее во Скопје. По националност е Македонка.
Дипломирала на Правен факултет во Скопје на 7.2.1977 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 7.7.1978 г.
На 15.6.1977 г. се вработила како приправник во тогашниот Општински суд Скопје II Скопје, а од 1978 г. работела како стручен соработник во истиот суд.
Од 1.12.1979 г. до 31.12.1985 г. работела како стручен соработник во тогашниот Суд на здружен труд на Македонија.
Првпат била избрана за судија во тогашниот Општински суд Скопје II Скопје на 23.12.1985 г. и постапувала по кривични предмети, а од 1.7.1996 г. работела како судија во Основен суд Скопје II Скопје.
На 6.12.2004 г. со одлука за избор 07-4913/1 (Сл.в. на РМ бр.88/04 од 13.12.2004 г.) е избранa за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по кривични предмети, претседател е на совет и е претседател на кривичниот оддел.
Има солидно познавање на српски и хрватски јазик, а делумно владее со англискиот јазик.
Искуство во работа со компјутери има во word и интернет.
ДУКОВСКА Драгутин МИРЈАНА - КРИВИЧЕН ОДДЕЛ  Родена е на 22.4.1950 г. во Белград. Живее во Скопје. По националност е Црногорка.
Основно училиште и Гимназија завршила во Белград. Дипломирала на Правниот факултет во Белград на 29.6.1972 г.
На 2.10.1972 г. се вработила во тогашниот Окружен суд Скопје како приправник и веднаш по полагањето на правосудниот испит на 15.1.1974 г. била назначена за стручен соработник. Како стручен соработник во Окружниот суд во Скопје работела во сите одделенија.
Првпат била избрана за судија во тогашниот Општински суд Скопје I Скопје на 15.11.1977 г. и во наредните 11 години судела во првостепено кривично одделение.
На 25.10.1988 г. била избрана за судија во тогашниот Окружен суд во Скопје каде работела во второстепено кривично одделение, а во текот на 1992 и 1993 г. паралелно работела и како судија во истражно одделение и како судија во кривично одделение.
На 2.4.1996 г. со одлука за избор 08-1248/1 (Сл.в. на РМ бр.17/96 од 10.4.1996 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде што постапува по кривични предмети и е претседател на совет.
Има одлични познавања на српски и делумно на англиски јазик. НАУМОВА Ташко ЗУИЦА - КРИВИЧЕН ОДДЕЛ  Родена е на 30.1.1954 г. во с.Аџибегово, Свети Николе. Живее во Скопје. По националност е Влаинка.
Средно образование стекнала во Свети Николе во Гимназијата „Кочо Рацин", а дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје на 7.2.1977 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 12.12.1978 г.
Првото вработување го започнала во тогашниот Општински суд Скопје II Скопје на почетокот како волонтер од 28.9.1977 г. до 2.10.1978 г., а од 3.10.1978 г. засновала редовен работен однос. По положувањето на правосудниот испит продолжила да работи во истиот суд како стручен соработник до 14.08.1981 г.
Од 15.8.1981 г. се вработила како стручен соработник во Врховниот суд на Република Македонија, каде што 3 години работела во одделението за управни спорови, а потоа и во одделението за постапување по кривични предмети до 1.4.1987 г.
Првпат била избрана за судија во тогашниот Општински суд Скопје II Скопје на 2.4.1987 г., а со извршувањето на функцијата како судија започнала наредниот ден на 3.4.1987 г. Во тој суд била распоредена во Кривичното одделение со тоа што во текот на 1990 г., истовремено покрај работењето во кривични предмети постапувала и по предмети од граѓанско одделение - статусни спорови.
На 25.2.1999 г. со одлука за избор 07-858/1 (Сл.в. на РМ бр.13/99) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, а со извршување на функцијата судија во овој суд, каде што и сега работи, започнала на 5.3.1999 г., со распоред во граѓанскиот оддел во кој работела до 31.12.2004 г. Од 1.1.2005 г. со годишниот распоред за работа во Судот е распоредена во кривичниот оддел во кој и сега работи и постапува по кривични предмети по жалба и е претседател на совет.
Покрај постапувањето по конкретни предмети, согласно Законот за судовите, а за постојано стручно усовршување на судијата за време на траење на судиската функција, во организација на Здружението на судии на Република Македонија, како судија учествувала на повеќе семинари во реализација на проектите за едукација на судии.
Во таа смисла има учествувано на:
- Семинар на тема „Меѓународна заштита на човековите права“ (Крушево, 1997 г.);
- Советување - Втор македонски симпозиум по судска психијатрија со сопствен труд на тема „Присилна хоспитализација на лица со душевно растројство, на зависници од алкохол и од опојни дроги, објавен во Македонска ревија за казнено право и криминологија – 1998 г. (Охрид, септември 1998 г.);
- Советување на тема „Хартии од вредност“, со посебен осврт на учесниците во врска со акциите и обврзниците како долгорочни хартии од вредност, за институциите на пазарот на капитал во Република Македонија и тргувањето со долгорочни хартии од вредност со излагање на поедини учесници за институционалната поставеност, состав, функции и финансирање на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и други прашања (Охрид, април 2001г.);
- Семинар на тема „Примена на одделни членови од Европската конвенција за човекови права“, (Струга);
- Советување за релизација на програмата „Едукација на едукатори“, (Маврово, ноември 2000г.);
- Советување на тема „Стекнување, запишување и судска заштита на правото на сопственост на недвижности“, (Отешево);
- Семинар во Скопје на тема „KARDS и правата од интелектуална сопственост во Европа“ во организација на Бирото за заштита на индустриска сопственост на РМ, Европската комисија, Европскиот патентен завод и Европскиот завод за хармонизација на внатрешниот пазар;
- Советување на тема „Европски систем за заштита на фундаменталните права“, (Скопје);
- Советување „Едукација на едукатори“ (основно ниво) одржано во Скопје, а потоа советување на тема „Едукација на едукатори“ (напредно ниво) одржано во Струга;
- Регионална конференција одржана во Херцег Нови, Република Црна Гора на тема „Обука од областа на судските вештини“ (мај 2004г.);
- Советување на тема „Притвор и мерки за обезбедување на обвинетиот на главен претрес“, (Маврово, февруари 2006г.);
- Советување во организација на Здружението за кривично право и криминогогија на Македонија на тема „Казнената политика во Република Македонија (Орхид, 2005г.);
- Семинар на тема „Заштита на сведоци“ со посебен осврт на други учесници за националната правна рамка и системот за заштита на сведоци како и меѓународната правна рамка и практиките во заштитата на сведоците, соработниците на правдата и жртвите (Скопје, ноември 2006г.);
- Семинар на тема „Меѓународни стандарди за правично судење во контекст на делата на организиран криминал и тешките кривични дела“ (Скопје, декември 2006);
- Заеднички средби помеѓу Апелационите судови од Скопје, Битола и Штип на тема „Разгледување спорни прашања за изедначување на судската пракса“.
Учествувала во работна група за изготвување на Предлог - Програма за континуирана едукација на судии и јавни обвинители во Република Македонија, со учество и на странски преставници, а во организација на Европската агенција за реконструкција.
Покрај предметната работа и учеството на повеќе семинари, две години била ангажирана и како претседател на Подружницата на Здружението на судиите на Република Македонија при Апелациониот суд Скопје.
Освен наведените активности со решение од Министерството за правда на РМ бр.07-287/1 од 23.1.2004 г. била ангажирана како член на Работната група за изменување и дополнување на Законот за парнична постапка, каде што имала активно учество заедно со останатите членови на работната група во изготвувањето на законските решенија, усвоени од Собранието на Република Македонија со донесување на Законот за парнична постапка („Сл.весник на РМ" бр.79/05).
Сметано од 29 октомври до 2 ноември 2007 г. исто така учествувал на судиска посета на Меѓународниот кривичен суд за кривични дела во поранешна Југославија во градот Хаг.
Покрај редовното работење и извршување на судиската функција, истовремено е постојан едукатор за спроведување на обука во постојаното стручно усовршување на судиите и јавните обвинители при Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија со реализирани бројни предавања на теми од областа на кривичното право. ШОПОВА ИВАНОВСКА Момчило ЉИЉАНА - КРИВИЧЕН ОДДЕЛ  Родена е на 19.2.1954 г. во Врање. Живее во Скопје. По националност е Македонка.
На 25.4.1977 г. завршила Правен факултет во Скопје и засновала работен однос на 15.08.1977 г. како судиски приправник во Општински суд Куманово. На 23.10.1978 г. го положила правосудниот испит, а на 27.09.1979 г. првпат била избрана за судија во Општински суд Куманово. Во овој суд постапувала како судија во Кривичниот оддел се до февруари 1983 г., а на 25.2.1983 г. била избрана за судија во Кривичниот оддел на Општинскиот суд Скопје I Скопје.
Во 1991 г. била реизбрана за судија во истиот суд и продолжила да постапува како судија во Кривичниот оддел, и извесен период постапувала како истражен судија до 27.06.1996 г. кога била избрана за судија на Основен суд Скопје I Скопје.
И по овој избор продолжила да постапува како судија во Кривичниот оддел, а истовремено била редовен член на Кривичниот совет на судот и Заменик претседател на истиот до 2002 г. И во 2003 г., со избор на нов Претседател на судот, била определена за одговорен судија на Кривичниот оддел на судот и за редовен член на Кривичниот совет на судот, а овие задолженија ги имала и во периодот од октомври 2004 г. до февруари 2005 г., потоа и од јуни 2005 г. и во тековната 2006 г., се до 1.4.2006 г. кога и понатаму освен постапувањето по кривичните предмети била распределена да работи и како Претседател на Кривичниот совет на судот и одговорен судија на Кривичното одделение.
На 1.4.2007 г. со формирањето на Одделот за организиран криминал во Основен суд Скопје I Скопје била распоредена во истиот и определена за одговорен судија на Одделот за организиран криминал и Претседател на кривичниот совет на Одделот за организиран криминал.
На 31.3.2008 г. со одлука за избор 07-713/1 (Сл.в. на РМ бр.45/08 од 4.4.2008 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје и распоредена на работа во Кривичниот оддел каде постапува по кривични предмети и е судија член на Кривичниот совет во Судот.
Од 2002 г. до 2006 г. била Претседател на подружницата на Здружението на судии на РМ при Основен суд Скопје I Скопје.
Учествувала на многубројни семинари, тренинг обуки, тркалезни маси, конференции и работилници, во врска со донесување и примена на Законите од областа на материјалното и процесното кривично право, и посебно се издвојува такво учество во врска со кривични дела од областа на финансискиот криминал, трговијата со луѓе, криумчарењето и перењето на пари, повеќе дневни семинари во 2007 г. во рамките на CARDS-Tвининг проектот за корупцијата и организираниот криминал, сите семинари во рамки на специјализираната програма за постојано стручно усовршување од областа на Меѓународното хуманитарно право и имплементација на истото, меѓу кои и на семинари во странство и тоа семинар организиран од Министерството за правда на САД на тема „Програма за борба против пролиферација на оружје за масовно уништување“ одржан во Унгарија - Будимпешта и конференција за улогата на правосудството во инплементација на Меѓународното хуманитарно право на која имала и презентација, а одржана во Унгарија -Будимпешта во организација на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ICCR) од Женева.
Учествувала и на повеќе студиски престои во странство, меѓу кои во САД на покана од Министерството за правда на САД во врска со обука за организиран криминал и воени злосторства, на институциите на ЕУ и ООН во Брисел, Хаг и Виена, во рамките на CARDS-Tвининг проектот во врска со корупцијата и организираниот криминал, во Б и Х - Сараево и во Холандија - Хаг, како номиниран судија за обука за постапување по предмети вратени од Трибуналот во Хаг, како и посета и престој на Националниот Институт за правосудството и другите правосудни институции во Република Бугарија во рамки на програмата за размена на Европската мрежа за судиска обука (ЕЈТN) за 2008 г.
Едукатор е во Академијата за обука на судии и јавни обвинители од областа на кривичното право и казненото процесно право со реализирани часови од оваа област од 2008, 2009, 2010 и 2011 година, во почетната обука, а на поголем број на семинари едукатор од оваа област во рамките и на континуираната едукација на судиите, како и излагач на конференции.
Како едукатор излагала на тема „Постапување по барање за спроведување на истрага, раководење со главен претрес, процесни одлуки во истрага, во текот и надвор од главниот претрес, на тема „Оцена на доказите собрани од полиција и Јавно обвинителство – увид, реконструкција и постапување со незаконски докази на тема „Истрага во рамки на обука за новоизбрани судии и јавни обвинители – модул кривично право.
Член на група која ќе врши обука на судии и јавни обвинители за примена на новиот Закон за кривична постапка, заради што учествувала на неколку обуки на обучувачи, но и како обучувач на обучувачи со свои излагања на тема „Главна расправа, раководење, пресуда, редовни и вонредни правни лекови во Охрид од 23. до 26.6.2010 година, на семинар на 29.-30.11.2010 година со презентација на тема „За улогата на судството согласно новиот Закон за кривична постапка“ и др.
Во функција на обуката ималастудиски престој во Република Хрватска во 2010 година.
Во последните три години учествувала како едукатор за подготовка на кандидати за прием во Академија за обука на судии и јавни обвинители на РМ.
Во тековната 2011 година учествувала на јавна расправа „Измени и дополнувања на КЗ“ одржана на 11.03.2011 година, а организирана од Министерството за правда.
Била учесник на програмата за обука за вештини за судски застапувања која се одвиваше од 12 - 14.04.2011 година во Струга, во организација на Академијата за судии и јавни обвинители и ОПДАТ.
Член на работната група за измена на Законот за кривичната постапка, а сега и за имплементација на овој Закон, потоа на работната група за подготовка на Програмата за Меѓународното хуманитарно право за имплементација на Статутот на Меѓународниот Кривичен Суд во законодавството на РМ и соработката на РМ со Трибуналот за Поранешна Југославија во Хаг, на работната група за подготовка на Програма за компензација на жртвите на повредите на Меѓународното хуманитарно право, на работната група за подготовка на Програма за мерки за имплементација на Меѓународното хуманитарно право во врска со лицата лишени од слобода (воени заробеници, интернирани цивили), сите формирани при Министерството за правда, член на работната група за измени и дополнување на Правилникот за дисциплинската постапка на судиите при Здружението на судиите на РМ, член на работното тело за стандардизација на употребата и унапредувањето на АКМИС во судовите формирано при Врховниот суд на РМ, сега и член на работна група за изготвување на измени и дополнувања на Кривичниот законик, формирано при Министерството за правда, член на работна група за изработка на Програма за континуирана обука за 2011 година формирана при Академијата за обука на судии и јавни обвинители на РМ, член на работна група за изменување и дополнување на Судскиот деловник, формирана при Министерството за правда, член на Комисија пред која се полага испитот за извршители, како испитувач по предметот - Кривично право, формирана при Министерството за правда. М-р КАДРИИ Идриз САФЕТ – КРИВИЧЕН ОДДЕЛ Роден е на 1.1.1966 г. во Тетово. Живее во с.Стримница, Тетово. По националност е Албанец.
Дипломирал на Правниот факултет во Приштина на 9.6.1990 г.
На 20.2.2001 г. положил правосуден испит во Скопје.
На 10.7.2008 г. магистрирал на Правниот факултет во Приштина, кривично-правен смер со магистарски труд на тема „Начелото на законитост во кривичното право“.
Во периодот од 10.7.1990 г. до 31.12.1992 г. работел како секретар на Земјоделска задруга „Братство“ во с.Желино, Тетово.
Во периодот од 1.1.1993 г. до 31.1.1996 г. бил директор на ДОО „Агростримница”, Тетово.
Од 22.7.1996 г. до 24.9.2000 г. работел како помошник директор во Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, Скопје.
Од 18.8.1999 г. бил заменик член во Државната изборна комисија, Скопје.
Од 12.6.2001 г. до 31.10.2003 г. бил државен секретар во Министерството за правда на Република Македонија.
Од 1.11.2003 г. работел како државен советник во Уставниот суд на Република Македонија, а во текот на 2005 г. и 2006 г. бил портпарол на Судот.
На 25.6.2009 г. е избран за судија во Апелациониот суд со одлука за избор бр.07-1492/1 од 25.6.2009 г. и постапува по предмети во кривичниот отсек, член е на Кривичниот совет во Судот и е определен да го заменува Претседателот на Судот во негово отсуство.
Судијата е одговорно лице за односи со јавноста за прашања во врска со предмети од кривична област.
Други стекнати квалификации:
- Сертификат за постигање успешно учество во IFES Студискиот Престој во Албанија, 21–27 Јуни 2001 – издадено од Амбасадата на Соединетите Американски Држави и УСАИД;
- Сертификат за постигање на успешно завршување на Студиски престој за изборниот процес во Република Албанија– издадено од Меѓународната Фондација за Изборните Системи (IFES)
Активно се служи со англиски јазик.
Има познавање од областа на работа со компјутери. ДУКОВСКА Митре ТАТЈАНА – КРИВИЧЕН ОДДЕЛ Родена е на 17.10.1963 г. во Белград. Живее во Скопје. По националност е Македонка.
Дипломирала на Правен факултет во Скопје на 31.3.1987 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 10.12.1991 г.
На 1.8.1989 г. се вработила како приправник во Општински суд Скопје II – Скопје, каде подоцна била и стручен соработник на граѓанска и кривична материја.
Од 1.7.1996 г. работела како стручен соработник во Основен суд Скопје II – Скопје на граѓанска и кривична материја.
Од 5.6.2000 г. работела како стручен соработник и самостоен судки советник на Кривичен совет во Апелационен суд Скопје.
Првпат била избрана за судија во Основен суд Скопје I - Скопје на 15.2.2005 г. каде постапувала по предмети во кривичен оддел и била член на Кривичен совет.
На 17.2.2010 г. со одлука за избор 07-317/1 (Сл.в. на РМ бр.25 од 19.2.2010) е избрана за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапувала по работни спорови, а сега постапува по кривични предмети.
Има учествувано на повеќе семинари и тоа:
-
Јануари 2007 година - учество на семинар на тема: „Меѓународна соработка во кривични предмети и улогата на SECI/SEEPAG, EUROJJUST, Европската судска мрежа, Европол и Интерпол.
-
Јули 2007 година - учество на семинар на тема „Раководење со предмети“.
-
Септември 2007 година - учество на семинар на тема „Право на Европска Унија“.
-
Октомври 2007 година - учество на семинар на тема „Психолошки аспекти на испитување на сведоците и другите учесници„
-
Ноември 2007 година - „Кривични дела против службената должност“.
-
Декември 2007 година - учество на семинар на тема „Трговија со луѓе и криумчарење на мигранти - анализа на судска пракса“
-
Декември 2007 година - учество на семинар на тема „Притвор, правни основи и постапка, другите превентивни мерки“
-
Фебруари 2008 година – учество на семинар „Постапување по барање за спроведување истрага, раководење со главен претрес “
-
Мај 2008 година – учество на семинар на тема „Притвор и други превентивни мерки“
-
Септември 2008 година – учество на семинар на тема „Притвор пред судење“
-
Октомври 2008 година – учество на семинар „ Трговија со дрога“,
-
Октомври 2008 година - учество на семинар „Процес на одлучување, фактички и правен идентитет на обвинение и пресуда/ видови одлуки“
-
Ноември 2008 година - учество на семинар „Сексуална злоупотреба на деца и нивна кривичноправна заштита“
-
Март 2009 година - учество на семинар на тема „Професионална етика на судиите и јавните обвинители“
-
Јуни 2009 година - учество на семинар на тема „Спречување на корупцијата -Судир на интереси –препознавање и надминување“
-
Септември 2009 година - учество на семинар на тема „Заштита на правата на потрошувачите“
-
Мај 2009 година - учество на семинар на тема „Взаемна помош во кривичната област
-
Ноември 2009 година – учество на семинар на тема „Причини за укинување на првостепени одлуки“
-
Од1992-2005 учество на семинари од разни области
Активно се служи со англиски и српски јазик.
Според заедничката европска референтна рамка за јазици, двата на ниво на разбирање (слушање и читање), говор (говорна интерреакција и говорна продукција) и пишување.
Има познавање од областа на работа со компјутери. САЈКОВСКА Димитар ГОРДАНА - КРИВИЧЕН ОДДЕЛ 
Родена на 16.12.1961 г. во Скопје. Живее во Скопје. По националност е Македонка.
Дипломирала на Правниот факултет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 23.5.1986 г.
На 1.3.1987 г. се вработила како стручен соработник-приправник во тогашниот Основен суд на здружен труд Скопје.
По положување на правосудниот испит на 23.5.1988 г., продолжила да работи како стручен соработник во тогашниот Основен суд на здружен труд Скопје, а од 1.1.1992 г. до 30.6.1996 г. работела како стручен соработник во тогашниот Општински суд Скопје II Скопје.
Првпат е избрана за судија во Основниот суд Скопје I Скопје на 12.6.1997 г. каде била распоредена во кривичен оддел.
Во периодот од 1999-2003 година и од 2006-2009 година била претседател на Кривичен совет.
На 25.06.2009 година со одлука за избор бр. 07-1492/1 е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје каде што постапувала по предмети во одделот за работни спорови, а сега постапува по кривични предмети.
Учествувала на повеќе семинари од областа на кривичната материја и тоа: „Право на Европска унија“ во соработка со проектот CARDS, повреда на конкуренција во соработка со Твининг проектот на Европската комисија, конкурентско право и политика, „Вовед во правото на Европската заедница и судскиот систем на Европската унија“, активно учество во работната група формирана за компјутеризација на судството, „Судска соработка во кривичната област“ во рамките на Проектот за техничка помош „Унапредување на европската интеграција од балканска перспектива“, работилница за трговија со луѓе организирана од Министерството за правда на САД, „Менаџмент на случаи и можности за користење на институтите договарање - медијација во работата на јавните обвинители и судиите“, организирано од Министерството за правда на САД, кривично правен прогон на трговија со луѓе организиран од IOM Мисијата во Скопје, меѓународен семинар против пиратството во Македонскиот етер - Примена на Законот за авторското право и сродните права во радиодифузните активности - наши и европски искуства.
Според заедничката европска референтна рамка за јазици, се користи со англиски јазик.
Има и основни познавања од работење со персонални сметачи. ПАНЧЕВСКИ Спиро ВЕЛЧЕ - КРИВИЧЕН ОДДЕЛ Роден на 30.3.1955 г. во Скопје. Живее во Скопје. По националност е Македонец.
Дипломирал на Правен факултет Скопје на 19.11.1979 г.
Правосуден испит положил во Скопје на 8.12.1982 г.
Прв пат се вработил на 1.9.1981 г. како приправник во тогашниот Окружен стопански суд Скопје, каде од 1.1.1986 г. бил стручен соработник во одделението за стопански спорови и во извршното одделение. На 1.1.1985 г. бил назначен за Секретар на Судот.
Првпат бил избран за судија во тогашниот Општински суд Скопје II Скопје на 5.4.1987 г. и распореден во истражното одделение, а на 27.6.1996 г. повторно бил избран за судија во Основен суд Скопје II Скопје и распореден во истражното одделение.
На 1.4.2007 г. бил прераспореден за судија во Основен суд Скопје I Скопје во истражен оддел. Од 3.9.2009 г. е распореден за истражен судија – раководител во специјализираното судско одделение во Основен суд Скопје I Скопје, надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција за целата територија на РМ.
На 13.9.2010 г. со одлука за избор 07-1450/1 (Сл.в. на РМ бр.122/10 од 13.9.2010 г.) е избран за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапувал по предмети во одделот за работни спорови, а сега постапува по кривични предмети.
Во текот на работењето од областа на кривичната материја како судија активно учествува на повеќе семинари како учесник, едукатор и во изготвување на проекти во РМ и надвор од неа:
Во текот на 2004 и 2005 г. - член на Комуникациската група 1, носител на групата Јавно обвинителство на РМ во соработка со „Проксима“ и учесник во изготвување на проектот „Постапување по пријава на кривично правен настан и управување со увидот на лице место како истражно дејствие“, како и во изготувањето на предлог упатство – прирачник за истражни судии.
Семинар на тема „Новини во Законот за кривична постапка“ одржан на 14-15.4.2006 г. во Крушево – „Постапување по пријава на кривично правен настан и управување со увидот на лице место како истражно дејствие“ и „Улогата на истражниот судија и јавниот обвинител во предкривичната постапка“, со презентација студија на случај. Семинарот е организиран од Здружението на судии на РМ – Центар за континуирана едукација и набљудувачка мисија OBSE во Скопје.
Семинар на тема „Обука за бранители по службена должност во врска со новините во Законот за кривична постапка на РМ“ одржан на 16.12.2006 г. во Скопје на тема „Мерки за обезбедување присуство на обвинетиот со посебен акцент на мерката притвор“ и „Посебни истражни мерки“ организиран од Македонското здружение на млади правници и набљудувачка мисија OBSE Скопје.
Од 28.-31.3.2006 г. во Резиденцијата на OBSE во Белград, Р.Србија – учество на интензивен курс за обука на обинители, истражни судии и полициски истражители за техники на истражување на воени злосторства - добиен Сертификат, организиран преку Здружението на судии на РМ и OBSE Мисија во Скопје, Оддел за владеење на правото и OBSE Мисијата во Србија и Црна Гора.
Меѓународна конференција за воени злосторства на тема „Директна соработка во истрагите на воените злосторства и заштита на сведоците“ одржана на 8-10.5.2006 година во Белград, Р.Србија, организирано од Здружението на судиите на РМ, а по препорака на Мисијата OBSE Скопје - Оддел за владеење на правото и OBSE Мисијата во Србија и Црна Гора.
Семинар на тема „Добри пракси и научени лекции во примена на посебните истражни мерки“ – одржан на 25-27.10.2006 г. во Струмица, организиран од Здружението на јавни обвинители на РМ и Канцеларија за развој, помош и обука на јавни обвинители ОБДАТ.
Тркалезна маса одржана на 21.5.2007 г. по повод текстовите и предлозите за донесување на Закон за јавно обвинителство и Законот за советот на јавните обвинители, во Скопје, организирана од Здружението на судиите на РМ.
Член на Експертска група за унапредување на активностите поврзани со превенцијата и репресијата на организираниот криминал во рамките на проектот „Борба против организираниот криминал во РМ“ во организација на Фондацијата Институт отворено општество „Македонија“ Скопје која отпочна со работа од ноември 2005 година.
Годишен состанок на Здружението за судска медицина, одржан на 27.11.2007 г. од Институтот за судска медицина и криминалистика при Медицински факултет Скопје, одржан во просториите на Институтот на тема „Организација на увид на лице место согласно стандардите на Европската унија“ – добиен сертификат.
Од 20.5.2009 – март 2010 г. – преставник од Основен суд Скопје 1 Скопје како дел од тимот – координатор на Проектот за подршка и развој на полицијата во РМ (PDAP) имплементиран од страна на CIVI POL.
На 19.12.2006 г. – избран за ментор во Академијата за обука на судии и јавни обвинители и нивни заменици на РМ
Во текот на 2009 г. има реализирано три недели менторство со вкупно три кандидати во рамки на Програмата за почетна обука – практична настава.
Во текот на 2009 г. како едукатор има одржано 15 часови во рамки на Програмата за постојано стручно усовршување.
На 19.03.2010 г. како предавач – едукатор има одржано предавање во Академијата за обука на судии и јавни обвинители – семинар на тема „Досегашни искуства во поглед на кривичните дела од областа на трговија со дрога“.
Учество како делегат во работата на Првото основачко собрание на Здружението на судии на РМ одржано на 15.12.1993 г. на Правниот факултет во Скопје.
Учество како делегат, преставник и учество во работата на редовните годишни собранија, избор на органите на здружението и др.
Во текот на долгогодишното работење како истражен судија има работено на обемни и сложени предмети за кои предмети е потребно големо искуство, знаење и посебен ангажман. ПЕРИЌ Љубен ЦВЕТАНКА - КРИВИЧЕН ОДДЕЛ Родена на 8.7.1964 година во Скопје. Живее во Скопје. По националност е Македонка.
Дипломирала на Правен факултет, Универзитет “Св.Кирил и Методиј“ Скопје во 1989 година.
Правосуден испит положила во Скопје во 1993 година.
Во периодот од 1994 година до 2005 година работела како стручен соработник и самостоен судски советник во Апелациониот суд Скопје.
Првпат била избрана за судија во Основниот суд Скопје II Скопје во 2005 година, а од 2007 година до 2009 година работела како судија во Основниот суд Скопје I Скопје на кривична материја.
Во периодот од 2006 година до 2009 година била Претседател на Одделот за кривично полнолетни и Претседател и член на Кривичен совет.
На 30.03.2011 година со одлука за избор 07-588/1 (Сл.в. на РМ бр.42/11 од 4.4.2011 година) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во кривичниот оддел.
Тренинзи и посета на едукативни семинари/работилници и друго
§Февруари 2007 година - учество на семинар на тема: „Меѓународно јавно право“.
§Фебруари 2007 година - учество на семинар на тема: „Право на Европска Унија“.
§Март 2007 година - учество на семинар на тема„Меѓународно хуманитарн право“.
§Мај 2007 година - учество на семинар на тема „Докажување и други правни прашања поврзани со примената на меѓународното хуманитарно право„
§Мај 2007 година - „Студиска посета на меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во Кралството Холандија“.
§Јули 2007 година - учество на семинар на тема „Етика“
§Септември 2007 година - учество на семинар на тема „Право на европска унија“
§Септември 2007 година – учество на семинар „Посебности на меѓународното хуманитарно право“
§Декември 2007година – учество на семинар на тема „Амнестиите во меѓународното хуманитарно право и практика“
§Декември 2007 година – учество на семинар на тема „Тркалезна маса со судиите за формите на соработка по предметите отстапени од МКСПЈ“
§Јануари 2008 година – учество на семинар на тема „Значењето на судските вештачења во кривичните предмети“
§Февруари 2008 година – учество на семинар на тема „Постапување по барање за спроведување на истрага, раководење со главен претрес, процесни одлуки во истрага, во текот и надвор од главен претрес“
§Мај 2008 година – учество на семинар на тема „Оценка на докази собрани од Полиција и Јавно обвинителство – увид, реконструкција и постапување со незаконити докази“
§Мај 2008 година – учество на семинар на тема „Финансиски криминал и перење пари“
§Декември 2008 година – учество на семинар на тема „Видови меѓународна правна помош екстрадиција и трансфер на осудени лица“
§Мај 2009 година – учество на семинар на тема „Взаемна правна помош во кривичната област“
§Јуни 2009 година – учество на семинар на тема „Спречување на корупцијата, судир на интереси, препознавање и надминување“
§Септември 2009 година – учество на семинар на тема „Конфискација на имот и компензација на жртви“
§Септември 2009 година – учество на семинар на тема „Националното и европското право за заштита на потрошувачите и договорното потрошувачко право“
§Декември 2009 година – учество на семинар на тема „Кривични дела во врска со сексуално злоставување и насилство врз децата“
§Декември 2009 година – учество на семинар на тема „Основни карактеристики на кривичните дела, компјутерски криминал и проблеми при негово препознавање“
§Од 2005-2007 учество на семинари од кривично право
§Од1994-2005 учество на семинари од разни области
Има солидно познавање на англиски и српски јазик, како и основни познавања од работење со персонални компјутери.
ФИДАНИ Рухид АФРИМ - КРИВИЧЕН ОДДЕЛ Роден на 2.1.1964 година во с. Добридол, Гостивар. Живее во Гостивар. По националност е Албанец.
Дипломирал на Правен факултет во Приштина во 1989 година.
Правосуден испит положил во Скопје во 2003 година.
Запишан е на последипломски студии на Правниот факултет во Приштина, Кривично – правен смер.
Во 1990 година бил вработен во просвета на управно правни работи.
Од 1994 година до 1996 година бил правен советник на Партијата за демократски просперитет, во огранокот во Тетово.
Во 1996 година се вработил во Министерство за труд и социјална политика, како државен трудов инспектор од областа на работни спорови.
Од 2005 година бил секретар на општина Врапчиште, Гостивар.
Од 2007 година до изборот за судија работел како адвокат во Гостивар.
На 18.7.2011 година со одлука за избор 07-1315/1 (Сл.в. на РМ бр.98/11 од 19.7.2011 година) е избран за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во кривичниот оддел.
Посетувал бројни семинари и професионални обуки.
Има солидно познавање на македонски и француски јазик, како и познавање за работа со компјутер. САПУНЏИЕВА Глигор ДРАГИЦА - РАБОТНИ СПОРОВИ Родена на 12.10.1948 г. во Кавадарци. Живее во Скопје. По националност е Mакедонка.
Основно и средно образование завршила во Кавадарци, а дипломирала на Правниот факултет во Скопје во септември 1971 г.
Правосуден испит положила на 23.6.1974 г. во Скопје.
По дипломирањето, поточно на 4.1.1972 г. се вработила како приправник во Собранието на Општина Кавадарци. По завршувањето на приправничкиот стаж билa распоредена на работно место референт во Одделението за имотно правни работи
Во декември 1973 г. се вработила во Фабриката „Раде Кончар“ Скопје и била распоредена на работно место референт за работни односи, а во септември 1974 г. се вработила во Фабриката „Усје“ Скопје на работно место раководител на правна служба.
Во декември 1976. се вработила во тогашниот Суд на здружен труд на Македонија на работно место стручен соработник, каде работела до октомври 1983 г.
Првпат била избрана за судија во тогашниот Основен суд на здружен труд Скопје на 1.10.1983 г. За време на вршењето на судиската функција била Заменик претседател на судот.
По укинувањето на судовите на здружен труд во декември 1991 г., користела една година апанажа до јануари 1993 г. Од февруари 1993 г. до јуни 1996 г. работела како судија на располагање во тогашниот Окружен суд Скопје.
Од јуни 1996 г. продолжила да работи како граѓански судија во Основниот суд Скопје I Скопје.
На 6.12.2004 г. со одлука за избор 07-4913/1 (Сл.в. на РМ бр.88/04 од 13.12.2004 г.) е избранa за судија во Апелациониот суд Скопје, каде што постапува по предмети во одделот за работни спорови, претседател е на совет и е претседател на одделот за работни спорови.
Во текот на работењето во Основниот суд на здружен труд Скопје била и заменик член на Комисијата за полагање на правосуден испит, а учествувала и на повеќе стручни семинари и со сопствено изработени теми од областа на работните спорови.
Д-р МИХАЈЛОСКИ Тодор ЗОРАН - РАБОТНИ СПОРОВИ 
Роден е на 20.4.1960 г. во Гостивар. Живее во Скопје. По националност е Македонец.
Дипломирал на Правниот факултет во Скопје на 26.3.1985 г.
Правосуден испит положил во Скопје на 10.12.1986 г.
Магистрирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на 16.5.2007 г., со магистерски труд на тема „Колективно преговарање и колективни договори според Законот за работни односи на Република Македонија“.
Докторирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на 14.7.2009 г., на катедрата за деловно право, со докторска дисертација на тема: “Правниот статус на деловните лица“.
Работно искуство:
Од 1.12.1985 г. работел прво како приправник, а потоа од 27.6.1988 г. како стручен соработник во Основното јавно обвинителство во Гостивар.
Првпат бил избран за судија во тогашниот Општински суд во Гостивар на 13.12.1988 г., а од 1.7.1996 г. работел како судија во кривичен оддел во Основниот суд Гостивар.
На 11.7.2002 г. со одлука за избор 07-2804/1 (Сл.в. на РМ бр.53/02 од 12.7.2002 г.) е избран за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во одделот за работни спорови.
Во Академијата за обука на судии и јавни обвинители и нивни заменици во Република Македонија е постојан едукатор по наставните предмети трудово право и парнично право, од 2007 г.
Од ноември 2008 г. е едукатор на правната школа на постојни судии од Европската унија во Барселона, Шпанија, од областа на националните работни законодавства.
Постојан предавач на постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“, катедра за деловно право, и постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“, катедра за управно право.
Насловен доцент на Правниот факулет на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, септември 2010 г.
Член на уредувачки одбор на стручното списание „Правник“.
Објавил повеќе научни и стручни трудови и книги од областа на трудовото и деловното право и тоа:
· Трговец и трговец поединец, Судска ревија бр.3/2004;
· Менаџерски договори, Судска ревија бр.2/2006;
· Страни и фази на склучување на колективните договори, Судска ревија бр. 3-4/2006;
· Принципи на корпоративно управување; Судска ревија;
· Системи на управување со друштвата; Судска ревија;
· Понуда на нов променет договор пред отказ, Правник, посебен додаток, судска пракса, 2007 г.;
· Откажување на договорот за вработување од деловни причини,Правник, посебен додаток, судска пракса, 2007 г.;
· Работно-правниот статус на менаџерите, Правник, посебен додаток, судска пракса, 2007 г.;
· Аспекти од судската пракса за споровите од работните односи, Деловно право, Здружение на правници на Република Македонија, 2008 г.
· Колективно договоарање и колективни договори, Судска ревија,
· Наградување на менаџерите, Судска ревија.
· Примена на чл.78 од законот за работните односи, Правник.
· Договор за уредување на односите на деловните лица со друштвото, Судска ревија, 2010 г.;
· Конфликтот на интереси меѓу менаџерите и акционерите, Судска ревија, 2010 г.;
· Имплементација на Конвенцијата за заштита од дискриминација на МОТ во националните законодавства, Заклучок од семинар на судии кои постапуваат по спорови од работен однос, Барселона, Шпанија, Октомври 2008 г.
· Наградување на членовите на органите на управување и на другите раководни лица (менаџерски договори) и нивниот работноправен статус(македонска практика, кодекси, европски препораки и други документи), Деловно право, мај 2010 г.
· Работните односи во практиката на редовните судови, Деловно право, октомври 2010 г.
· Аспекти од судската пракса од споровите од работните односи, Правник, 2010 г.
· Партиципација на вработените во управување со друштвото, Судска ревија, 2010 г.
· Сличности и разлики помеѓу измената на договорот за вработување и понудата на нов променет договор пред отказ, Деловно право, октомври 2011
· Рецензија на учебникОблигационо право, д-р Кимо Чавдар, октомври 2011
· Измената на договорот за вработување и понудата на нов променет договор пред отказ,Правен билтен – Здружении на правници во здравството, број 23. ноември 2011 год.
· Неке аспекте о заступању акционера сагласно Закон о трговачким друштвама Републике Македоније,меѓународна Копаоничка школа природног права, Р.Србија, декември 2011 година (меѓународен научен труд)
· Related parties transaction anad a brief review on the legal regulation of this institute in EU, Kolegji Iliria, Private Bearer for Higher Education, Journal, June 2012 (меѓународен труд соImpact Factor )
Својата прва книга „Колективни договори“ ја објавува со посредство на Агенцијата „Академик“ во 2007 година.
Со посредство на книгоиздавателската куќа „Спектар“, во 2010 г. го објавува својот научен труд „Правниот статус на деловните лица“.
Книгата „Колективни договори - теорија и практика“ ја објавува во 2010 г., преку книгоидавателската куќа „Спектар“.
Одлично го познава, зборува и пишува англиски јазик, во целост го владее пакетот на Microsoft Office (Word, Excel, Power Point, Tools), а исто така посетувал специјализирана обука за интернет правно пребарување во сите свои фази.
ЈОВАНОВСКИ Димитар ЈОВАН - РАБОТНИ СПОРОВИ 
Роден на 2.3.1950 г. во с. Горна Бошава, Кавадарци. Живее во Скопје. По националност е Македонец.
Гимназиско образование завршил во учебната 1968/69 г. во Кавадарци.
Во учебната 1969/70 г. се запишал на Правниот факултет во Скопје кадешто дипломирал на 10.2.1975г.
Правосуден испит положил во Скопје на 22.12.1976 г.
Прв пат се вработил на 1.7.1975 г. како приправник во тогашниот Општински суд Кавадарци.
Од 1.3.1976 г. работел прво како приправник, а потоа и како стручен соработник во тогашното Општинско јавно обвинителство Кавадарци, а во јануари 1977 г. бил избран за заменик јавен обвинител во истото обвинителство.
Од 1.5.1977 г. работел како стручен соработник во тогашниот Окружен суд Скопје.
Првпат бил избран за судија во тогашниот Општински суд Скопје II Скопје на 28.6.1982 г. Од 1.9.1982 г. постапувал по извршни предмети, а од 1985 г. постапувал по граѓански предмети.
На 24.12.1997 г. со одлука за избор 08-4224/1 (Сл.в. на РМ бр.68/97 од 30.12.1997 г.) е избран за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во одделот за работни спорови и е претседател на совет.
Има основни познавања на англиски и делумно на француски јазик. ШЕХУ АСАНИ Шабан АФРДИТА - РАБОТНИ СПОРОВИ Родена е на 27.4.1966 г. во Гостивар. Живее во Скопје. По националност е Албанка.
Дипломирала на Правен факултет во Скопје на 15.2.1991 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 12.7.1994 г.
На 22.10.1985 г. започнала да работи како приправник во адвокатска канцеларија Колевски Васил.
На 1.2.1995 г. се вработила како стручен соработник тогашниот Окружен суд Скопје, а од 1.7.1996 г. работела како струќен соработник во Апелационен суд Скопје.
Првпат била избрана за судија во Основен суд Скопје II Скопје на 12.7.2002 г. каде постапувала по предмети од извршна постапка, парнична постапка и работни односи.
На 13.09.2010 г. со одлука за избор 07-1450/1 (Сл.в. на РМ 122/10 од 17.9.2010 г.) избрана е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети од работни односи.
Има учествувано на повеќе семинари организирани од страна на Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија и од страна на USAID.
Активно се служи со англиски и турски јазик.
Има познавање од областа на работа со компјутери. АЈДИНИ Зеќир БУКУРИЈЕ - РАБОТНИ СПОРОВИ Родена е на 28.6.1972 г. во Кичево. Живее во Скопје. По националност е Албанка.
Дипломирала на Правен факултет во Скопје на 20.3.1997 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 15.12.2000 г.
Стручен испит - уверение за положени испити за усовршување и надградување, Педагошки факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје од 12.10.2004 г.
Стекнато работно искуство
Од 12.11.1997 г. до 20.3.2000 г. работела како приправник во Основно јавно обвинителство Скопје.
На 3.5.2000 г. се вработила како раководител на Сектор за општи и правни работи во ЈП за стопанисување со пасишта на РМ.
Од 27.11.2003 г. работела како професор по правни работи во Државно средно училиште за економија и биротехника „Арсени Јовков“ Скопје. Од 24.10.2005 г. била член на државната матурска предметна комисија при Биро за развој на образованието, а на 14.3.2006 г. била училишен тестатор за пилот државна матура.
Од 10.5.2006 г. била државен службеник во Генералниот секретаријат на Влада на РМ, со звање – советник за општи и правни работи во Секторот за општи и правни работи.
Од 12.7.2006 г. работела како советник за судови, јавно обвинителство и други правосудни органи и како советник за нормативна дејност во граѓанската материја во Сектор за правосудство при Министерство за правда.
Од 14.7.2008 г. била помошник раководител на сектор во Секторот за правосудство при Министерство за правда.
- од 6.2.2007 г. била член на Комисијата за решавање во управна постапка во втор степен од областа на денационализација при Влада на РМ;
- од 26.6.2008 г. била заменик член во Комисијата за квалификација и прием на кандидати во Академијата за обука на судии и јавни обвинители;
- од 3.2.2009 г. била член на Управниот одбор на Академијата за обука на судии и јавни обвинители;
- од 20.7.2007 г. била член на Работна група при Министерство за правда за подготовки на измени и дополнувања на Законот за лични податоци;
- од 27.11.2007 г. била член на Работна група при Министерство за правда за изготвување на ЗКП во делот на забрзување на казнената постапка;
- од 22.12.2008 г. била претседател на Работната група при Министерство за правда за изготвување на Закон за измени и дополнувања на Законот за прекршоци;
- од 4.2.2009 г. била член на Работна група при Министерство за правда за изготвување на Акционен план за имплементација на ЗКП.
На 13.09.2010 г. со одлука за избор 07-1450/1 (Сл.в. на РМ 122/10 од 17.9.2010 г.) избрана е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети од работни односи.
Учество во континуирани активности во Министерство за правда
- Тековни секторски активности – раководење со Сектор за правосудство;
- Активно учество во усогласувањето на материјалните закони и подзаконските акти со Законот за прекршоците;
- Изготување на Закон за платите на јавните обвинители;
- Изготвување на Закон за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на РМ;
- Активно учество во изготвување на Закон за платите на членовите на Судскиот совет на РМ;
- Активно учество во изготвување на Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на судиите;
- Активно учество во изготвување на Предлог Законот за дејност вештачење;
- Учество во изготвување на Предлог Законот за Академија за судии и јавни обвинители;
- Учество во изготвување на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкции;
- Учество во изготвување на Законот за изменување и дополнување на Законот за управните спорови;
- Изготвување на подзаконски акти од Законот за прекршоците;
- Изготвување на подзаконски акти од Законот за јавното обвинителство;
- Учество во Советот за реформа на правосудството и организирање на Советот за реформа на правосудството – 2009 година;
- Преставник на Министерството за правда – член на работната група за НПАА – Индустриска сопственост и авторски права;
- Преставник на Министерството за правда во многубројни работилници и семинари поврзани со процесот за реформа на правосудството, организирани од страна на Здружението на јавните обвинители во РМ и Здружението на судиите во РМ, ОПДАТ, СОРОС;
- Активно учество – Стратегија за реформа на правосудството и Стратегија за реформа на казненото право;
- Активно учество во изготвување на закони, подзаконски акти, информации, анализи и др.
Стекнати сертификати и признанија од учество во обуки и семинари
- Август 2006 – Сертификат за успешно завршена обука за интегрирање на информатички знаења и вештини во настава;
- Октомври 2006 - Сертификат за успешно учество во работилница „Современи методи на форензички анализи во криминални случаи“ за зајакнување на правото и службеници во кривично право;
- Февруари 2007 - Сертификат за учество на семинарот на тема „Меѓународното јавно право“ во соработка со Проектот CARDS 2004, Техничка помош за подршка на воспоставувањето на Институт за обука на правосудството;
- Февруари 2007 - Сертификат за учество на семинарот за меѓународно право, на проект финансиран од Европската Унија и раководен од Европската агенција за реконструкција во соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители и нивни заменици;
- Февруари 2007 - Сертификат за учество на семинарот на тема „Правото на Европска унија“ на Академија за обука на судии и јавни обинители и нивни заменици на РМ во соработка со Проектот CARDS 2004 – „Техничка помош за подршка на воспоставувањето на Институт за обука на правосудството“;
- Февруари 2007 - Сертификат за учество на семинарот за право на Европската унија, на проект финансиран од Европската унија и раководел од Европската агенција за реконструкција во соработка со Академија за обука на судии и јавни обинители и нивни заменици;
- Мај 2008 – Сертификат за Презентациски вештини , USAID, Сертификат за имплементација на Прирачникот за номотехнички правила, 2008, од Секретаријат за законодавство во соработка со GTZ;
- Свидетелства за познавање на англискиот јазик,
- Сертификат за информатички знаења.
Учество на семинари, конференции, тркалезни мси и работилници
- 9.11.2006 г. – Работилница „Креирање на политиките и подготовка на закони во министерствата и другите органи на државната управа“, Влада на РМ – Генерален секретаријат и НОРМАК;
- 19-20.2.2007 г. – Семинар „Меѓународно право“, Академија за обука на судии и јавни обвинители;
- 26-28.2.2007 г. – Семинар „Правото на Европската унија“, Академија за обука на судии и јавни обвинители;
- 13.6.2007 г. – Работилница „Проблеми во примената на специјалните истражни мерки“, Министерство за правда, Здружение за кривично право и криминологија, OSCE, OPDAT;
- 14-15.6.2007 г. – Обука „Креирање политики во Владата на РМ, Влада на РМ – Генерален секретаријат и НОРМАК;
- 29.11.2007 г. – Тркалезна маса „Улогата на јавниот обвинител во текот на истрагата“ – Здружение на јавните обвинители на РМ и OSCE;
- 11.12.2007 г. – Работилница „Нов режим на конфискацијата“, Министерство за правда, Здружение за кривично право и криминологија, OSCE, OPDAT;
- 13-14.11.2008 г. – Конференција „Новини во кривично-правниот систем на РМ“Академија за обука на судии и јавни обвинители, Здружение за кривично право и криминологија, Здружение на јавни обвинители на РМ, OPDAT;
- 10-11.06.2008 г. – Работилница „Новата претходна постапка, посебните истражни мерки и заштите на личните податоци“, Министерство за правда, Здружение за кривично право и криминологија OSCE, OPDAT, SOROS;
- 1-2.7.2008 г. – Работилница „Контрола на обвинението, преуредување на главниот претрес и одмерување на казните во законските рамки“, Министерство за правда, Здружение за кривично право и криминологија OSCE, OPDAT, SOROS;
- 3.6.2009 г. – Работилница „Имплементација на Законот за општа управна постапка“, Министерство за правда, Државен управен инспекторат, СИГМА;
- 2008-2009 г. – Преставник на Министерството за правда во обуки „Програма за спроведување на обуки за членовите на Комисиите за прекршоци 2008/09, Министерство за правда, Академија за обука на судии и јавни обинители и нивни заменици, проектот Светска банка;
- 30-31.10.2009 г. – Национална конференција – „Прекршочни постапки пред прекршочен орган“, Министерство за правда, Академија за обука на судии и јавни обинители и нивни заменици, проектот Светска банка;
- 4.-5.12.2009 г. – Регионална конференција „Практична примена на Законот за прекршоците и регионалните искуства“ – воведни напомени, Министерство за правда, Академија за обука на судии и јавни обинители и нивни заменици, проектот Светска банка;
- 10.2.2010 г. – Стручна расправа „Управно законодавство и управно судство“ Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Министерство за правда, излагање за Законот за прекршоците.
Одлично се служи со македонски и англиски јазик, има добро познавање на француски јазик и почетно познавање на италијански јазик.
Има одлични познавања од областа на работа со компјутери - Microsoft Windows, Microsoft Office, Internet Explorer, Lotus Notes. АЈДИНИ БОШЊАКУ Месут ЈЕТМИРЕ - РАБОТНИ СПОРОВИ Родена на 10.6.1976 година во с.Добридол, Гостивар. Живее во Скопје. По националност е Албанка.
Дипломирала на Правен факултет, Универзитет “Св.Кирил и Методиј“ Скопје во 2000 година.
Правосуден испит положил во Скопје во 2003 година.
Запишана е на последипломски студии на Правниот факултет во Приштина, Кривично – правен смер и подготвува магистерки труд на тема „Убиства во општина Гостивар, период 2001-2006, податоци со кои располага судската пракса“.
Од 2000 година до 2001 година волонтирала во Основен суд Гостивар.
Во периодот од 2003 година до 2007 година работела како асистент на Државниот универзитет во Тетово, а од 2004 година до 2008 година работела и во адвокатска канцеларија во Гостивар.
Во периодот од 2000 година до 2008 година била правен советник на невладината организација АДИ.
Првпат била избрана за судија во Основниот суд Скопје I Скопје во 2008 година каде постапувала по кривични предмети.
На 30.03.2011 година со одлука за избор 07-588/1 (Сл.в. на РМ бр.42/11 од 4.4.2011 година) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по работни спорови.
Учествувала на разни семинари од областа на правото и менаџментот, како:
- Интензивна школа, Mineapolis, Washington DC, USA, 2001 г.:
o Жени во политиката
o Мобилизирање за избори
o Семејно насилство
- Тренинг за менаџмент, Лајпциг, Германија, 2003 г.
- Интензивен курс „Оперативен менаџмент и справување со стресни ситуации“, 2007 г.
Најуспешна жена во 2004 година - награда од американскиот амбасадор во Република Македонија, Лоренс Батлер за давање на придонес за зголемување на демократските вредности и начелата кои го помагаат прогресот во Македонија.
Има солидно познавање на македонски и англиски јазик, како и познавање на работа со компјутер. ТРПЕВСКИ Јонче БЛАЖЕ - ГРАЃАНСКИ ОДДЕЛ
Роден е на 25.5.1950 г. во с.Крушевица, Кавадарци. Живее во Скопје. По националност е Mакедонец.
Дипломирал на Правниот факултет во Скопје на 28.3.1975 г.
Правосуден испит положил во Скопје на 26.10.1976 г.
На 15.5.1975 г. се вработил како приправник во тогашното Окружно јавно обвинителство во Скопје, а од јануари 1977 г. работел како стручен соработник во истото обвинителство.
Првпат бил избран за судија во тогашниот Општински суд Скопје II Скопје на 26.12.1979 г. и постапувал по кривични предмети.
Од 29.12.1987 г. работел како судија во тогашниот Окружен суд Скопје и судел во кривичен оддел.
На 13.03.1996 г. со одлука за избор 08-991/1 (Сл.в. на РМ бр.14/96 од 20.3.1996 г.) е избран за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети од граѓанскиот оддел и е претседател на совет.
Има основно познавање на англиски јазик.
ДИМЧЕВСКА Чедомир ЛИДИЈА - ГРАЃАНСКИ ОДДЕЛ
Родена е на 29.1.1959 г. во Куманово. По националност е Македонка.
Основно образование стекнала во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Куманово, а средно образование во гимназија „Гоце Делчев“ во Куманово – природно математичка насока.
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 10.2.1984 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 14.2.1986 г.
На ден 16.7.1984 г. се вработила како приправник во тогашниот Општински суд Куманово, а од 10.2.1986 г. работела како стручен соработник во истиот суд.
Првпат била избрана за судија во тогашниот Општински суд Куманово на 29.12.1986 г. каде постапувала по граѓански, оставински и вонпарнични предмети.
На 12.12.2001 г. со одлука за избор бр. 07-4201/1 (Сл.в. на РМ бр.99/01 од 18.12.2001г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде се до септември 2004 г. постапувала по граѓански предмети, потоа до декември 2005 г. постапувала по работни спорови, а од јануари 2006 г. повторно постапува по граѓански предмети, претседател е на совет и е претседател на граѓанскиот оддел.
Има основно познавање на англиски и француски јазик, а солидно познавање на српски и бугарски јазик, со можност за усовршување.
Избрана е и учествува како ментор во Академијата за обука на судии и јавни обвинители и нивни заменици на Република Македонија. РУСТЕМИ Раиф ЈУСУФ - ГРАЃАНСКИ ОДДЕЛ  Роден на 20.6.1948 г. во с. Горно Коњаре, Куманово. Живее во Куманово. По националност е Албанец.
Дипломирал на Правен факултет во Приштина во 1973 г.
Правосуден испит положил на 25.4.1975 г. во Скопје.
Во јануари 1974 г. се вработил како приправник во тогашниот Општински суд Куманово, а од септември 1976 г. работел како стручен соработник во истиот суд.
Првпат бил избран за судија во тогашниот Општински суд Куманово на 1.9.1977 г. каде што до октомври 1980 г. постапувал по кривични предмети, до септември 1991 г. постапувал по граѓански предмети, а потоа до март 1993 г. постапувал по извршни предмети.
Од 16.3.1993 г. работел како самостоен адвокат во Куманово.
На 2.4.1996 г. со одлука за избор 08-1248/1 (Сл.в. на РМ бр.17/96 од 10.4.1996 г.) е избран за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во граѓански оддел и е претседател на совет.
Има солидно познавање на француски јазик.
ДАРДХИШТА Чахил МУСТАФА - ГРАЃАНСКИ ОДДЕЛ  Роден е на 30.6.1954 г. во Корбулиќ, Општина Качаник, Косово. По националност е Албанец.
Основно училиште и гимназија завршил во Скопје.
Во 1973 г. се запишал на Правниот факултет во Приштина и апсолвирал во 1977 г. Веднаш по апсолвирањето заминал на отслужување на воениот рок, а со титулата дипломиран правник се стекнал на 24.2.1979 г.
Правосуден испит положил во Приштина на 7.12.1984 г.
Од 1.4.1979 г. работел како приправник, а потоа и како референт за нормативни акти и застапување пред суд во Комбинатот „Шар“ од Генерал Јанковиќ.
Од 3.1.1983 г. до 31.12.1990 г. работел како судија при Општински суд Качаник во главно на граѓанска материја, но и на вонпроцесна материја.
Од 8.5.1992 г. до 3.2.1993 г. работел како правник во Претпријатието за трговија на големо и
мало"Сам Комерц" Скопје.
Од 2.4.1994 г. до 2.2.2000 г. работел во Министерство за одбрана на РМ како правен советник за судски спорови застапување пред судови.
Од 4.2.2000 г. до 17.5.2005 г. бил член на Републичкиот судски совет каде што бил избран од страна на Собранието на РМ.
На 18.5.2005 г. со одлука за избор 07-1860/1 (Сл.в. на РМ бр.37/05 од 24.5.2005 г.) е избран за судија во Апелациониот суд Скопје, каде што постапува по предмети во граѓанскиот оддел.
Има положено нотарски испит.
Има солидно познавање на германски и англиски јазик.
ПУТИНСКА САЗДОВСКА Салтир ЛИЛЈАНА - ГРАЃАНСКИ ОДДЕЛ Родена на 22.5.1948 г. во Битола. Живее во Скопје. По националност е Македонка.
Средно образование оформила во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје.
Правните студии ги завршила на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје на 4.12.1970 г.
Правосуден испит положила во октомври 23.10.1974 г. во Скопје.
Изучувала постдипломски студии „Здружување во стопанството“ на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.
На 15.2.1971 г. се вработила во Стопанска комора на Македонија како правен референт и советник. На ова работно место била 5 години.
Од 1.5.1976 г., пет години, работела како стручен соработник во тогашниот Стопански суд на Македонија.
Првпат била избрана за судија во Општински суд Скопје I на 1.5.1981 г., каде 5 години и девет месеци работела во граѓански оддел.
На 1.2.1987 г., била избрана за судија во Окружен стопански суд Скопје, каде работела неполни 10 години.
На 2.4.1996 г. со одлука за избор 08-1248/1 (Сл.в. на РМ бр.17/96 од 10.4.1996 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во граѓански оддел.
Во текот на работниот период од 38 години, учествувала во разни проекти и семинари од областа на стопанското и граѓанското право и индустриската сопственост (патенти и лиценци), организирани од страна на судовите, Здружението на правниците во стопанстово, Академијата за обука на судиите и јавните обвинители и од државата Република Македонија, за кои има добиено сертификати, пофалници и благодарници.
Англискиот јазик го изучувала во гимназијата „Јосип Броз Тито“ и во Школата за странски јазици, поради што истиот го владее.
Искуство во работа со компјутери има во word и power point.
САЛИУ Фаик АГРОН - ГРАЃАНСКИ ОДДЕЛ  Роден е на 17.9.1948 г. во с.Жировница, општина Маврови Анови Ростуше. Живее во Скопје. По националност е Mакедонец Mуслиман.
Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1972 г.
Правосуден испит положил во Скопје на 16.10.1980 г.
На 1.3.1973 г. се вработил како приправник во СП „Единство“ од с.Скудриње.
Од 1.1.1976 г. работел како правен референт во СП „Братство“ од с.Ростуше.
Од 1.4.1978 г. бил директор на ДПП „Бреза“ од с.Жировница.
Од 1.5.1979 г. работел како секретар во ЗИК „Скопско поле“ ООЗТ Агро Скопје.
Од септември 1980 г. работел како референт по нормативни дејности во ГРО „Илинден“ Скопје.
Од јуни 1982 г. до март 1990 г. работел како самостоен адвокат во Скопје, а потоа од април 1990 г. до октомври 2005 г. бил самостоен адвокат во Гостивар.
На 26.10.2005 г. со одлука за избор 07-3933/1 (Сл.в. на РМ бр. 93/05 од 31.10.2005 г.) е избран за судија во Апелациониот суд Скопје каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел.
Има основни познавања на германски јазик.
Искуство во работа со компјутери има во word и интернет.
Д-р МАТЕСКА Душан МАРИКА - ГРАЃАНСКИ ОДДЕЛ  Родена е на 7.12.1958 г. во Скопје. Живее во Скопје. По националност е Македонка.
Дипломирала на 23.6.1982 г. на Правниот факултет во Скопје.
Правосуден испит положила во Скопје на 14.12.1983 г.
На 1.12.1982 г. се вработила како приправник, а потоа работела и како стручен соработник во тогашниот Окружен суд Скопје.
Првпат била избрaна за судија во тогашниот Општински суд Скопје I Скопје на 9.11.1987 г., каде до 1995 г. работела на кривична материја, а потоа до јуни 2004 г. на граѓанска материја.
Магистрирала на 7.7.1999 г. на Правниот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје на тема ,,Дозволени и недозволени начини на прибавување на докази во кривичната постапка’’.
На 15.06.2004 г. со одлука за избор 07-2592/1 (Сл.в. на РМ бр.38/04 од 17.6.2004 г.) е избранa за судија во Апелациониот суд Скопје, каде продолжила да работи на граѓанска материја.
На 7.6.2011 година, на Полициската академија во Скопје, докторирала на тема “Организираниот криминал во РМ и методи за негово сузбивање” и се стекнала со звање Доктор за безбедносни науки.
Со диплома за застапници за индустриска сопственост се стекнала во февруари 1995 г.
Активно со свои трудови учествувала на повеќе од 30 меѓународни семинари, како и семинари организирани од домашни институции, симпозиуми, конгреси, проекти, работилници, тренинг сесии, презентации, јавни расправи, тркалезни маси и сл.од областа на:
- „Повреда на авторските права во однос на компјутерските програми”;
- „Националниот извештај за човековиот развој во РМ 2001”;
- „Анти-корупциска стратегија во РМ”;
- „Судска заштита на правата од интелектуална сопственост”;
- „Заштита на интелектуална сопственост”;
- „Мултиетничка полиција во РМ”;
- „Судска соработка во граѓански и стопански предмети”;
- „Судска организација на Европската Унија”;
- „Социјални и економски фактори за Е-правда”;
- „Примена на Закон за трговски друштва”;
- „Основните принципи на правниот систем на ЕУ”;
- „Улогата на националниот судија и јавен обвинител во сверата на правда, слобода и сигурност на Европа”;
- „Новиот Закон за парнична постапка”;
- „Право на Европската Унија”;
- Државната програма за превенција и репресија на корупција;
- Презентација на програмата HELP на Советот на Европа ,,Европскиот суд за правда“;
- Обука на судии за медијација.
Во текот на 2003, 2005 и 2007 г. се стекнала со неколку сертификати меѓу кои:
- CERTIFIKATE од Министерство за финансии и буџет на Република Франција за заштита на интелектуална сопственост;
- CERTIFIKATE за едукатор на Право на ЕУ;
- CERTIFIKATEза “Меѓународно право”;
- CERTIFIKATE за “Право на ЕУ”;
- СЕРТИФИКАТ за “Обука на обучувачи”;
- „Certificate of Completion” за познавање на англиски јазик за судии и обвинители.
Од септември 2006 г. била член на работната група за изготвување на “Предлог за донесување на Закон за Меѓународно приватно право”.
Во 2007 г. била вклучена во работилници на Државната Комисија за спречување на корупција за изработка на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата.
Во мај 2007 г. била наименувана за постојан едукатор во Академијата за обука на судии и обвинители и нивните заменици на РМ.
Во текот на 2007 и 2008 г. континуирано држела предавања согласно програмата на Академијата за обука на судии и обвинители и посетувала обука на едукатори – обучувачи, и Презентација на програмата HELP на Советот на Европа.
Во 2008 г. била вклучена во “Програма за набљудување на судските предмети во врска со корупцијата во Република Македонија“.
Има објавено 12 трудови од областа на организиран криминал, корупција, наркоанализи и медицински интервенции, детектор на лаги, прислушкување и прислушни средства, компаративни прегледи на примената и забраните за примена на истите во повеќе земји меѓу кои САД, Кралството Шведска, Белика Британија, Германија и др. меѓу кои:
- „Корупцијата третирана во законска регулатива”
- „Организиран криминал”
- „Техника на примена на прислушни средства”
- „Детекција и блокада на прислушни средства”
- „Доказни забрани во германско право”
- „Примена на прислушни средства во Кралство Шведска”
- „Забрани при примена на прислушни средства”
- „Примена на детектор за лага”
- „Наркоанализа и медицински интервенции”
- „Технички средства во Велика Британија”
- „Видови на техничко – прислушни средства кои се употребуваат во Велика Британија”
- „Примена на прислушни средства во кривична постапка на Велика Британија”
ХАСАНИ Асан ИСМАИЛХАКИ - ГРАЃАНСКИ ОДДЕЛ  Роден е на 23.5.1949 г. во с.Боговиње, Тетово каде завршил основно образование. Гимназија завршил во 1968 г. во Тетово каде и живее. По националност е Албанец.
Дипломирал на Правниот факултет во Приштина во 1972 г.
Правосуден испит положил во Приштина во септември 1974 г.
Од 1.1.1973 г. до 8.4.1975 г. работел како судски приправник во тогашниот Општински суд Тетово.
Првпат бил избран за судија во тогашниот Општински суд Тетово на 9.4.1975 г. Се до април 1986 г. работел како судија и постапувал по предмети во граѓански оддел.
Од 16.4.1986 г. до 30.6.1991 г. бил член на Извршниот Совет при Собрание на Општина Тетово.
Од 1.7.1991 г. до 30.6.1996 г. бил раководител на Одделението за општа управа Тетово при Министерството за правосудство и управа.
На 27.6.1996 г. повторно бил избран за судија во Основен суд Тетово, каде од 1.7.1996 г. до 11.7.2002 г. постапувал по предмети во граѓански оддел.
На 11.7.2002 г. со одлука за избор 07-2804/1 (Сл.в. на РМ бр.53/02 од 12.7.2002 г.) е избран за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во граѓански оддел.
СРБИНОВА Михајло ВИОЛЕТА - ГРАЃАНСКИ ОДДЕЛ  Родена е на 1.10.1950 г. во Битола. Живее во Скопје. По националност е Mакедонка.
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 10.6.1975 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 30.10.1977 г.
На 1.4.1976 г. започнала да работи како приправник во тогашниот Општински суд Битола,
а од ноември 1977 г. била стручен соработник во истиот суд.
Од 1.6.1979 г. работела како стручен соработник во Јавното правобранителство на РМ во Скопје.
Првпат била избрана за судија во тогашниот Општински суд Скопје I Скопје на 2.4.1987 г. и постапувала по граѓански предмети.
Од 1.7.1996 г. била судија во Основниот суд Скопје I Скопје и постапувала по граѓански предмети.
На 19.7.2005 г. со одлука за избор 07-2849/1 (Сл.в. на РМ бр. 60/05 од 19.7.2005 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел.
Во 2008 г. именувана е за ментор на кандидати на Академијата за обука на судии и јавни обвинители на РМ.
Има добри познавања на француски јазик.
ВЕЛЈАНОВСКА Киро ЈОРДА - ГРАЃАНСКИ ОДДЕЛ  Родена на 1.12.1951 г. во с.Јанче, Гостивар. Живее во Скопје. По националност е Македонка.
Дипломирала на Правен факултет во Скопје на 30.4.1975 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 24.6.1976 г.
Од 7.6.1975 г. работела како судски приправник во тогашниот Окружен суд Скопје, а во јули 1976 г. се стекнала со звањето стручен соработик во истиот суд и постапувала во кривични и граѓански предмети по жалба и првостепени.
Од 16.11.1977 г. работела како стручен соработник во Врховниот суд на Република Македонија каде постапувала по кривични предмети и вонредни правни лекови.
Првпат била избрана за судија во тогашниот Општински суд Скопје I Скопје на 29.5.1985 г. каде две години работела како истражен судија, а потоа постапувала по кривични предмети.
На 13.03.1996 г. со одлука за избор бр. 08-991/1 (Сл.в. на РМ бр.14/96 од 20.3.1996 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во граѓански оддел и е претседател на совет.
Заменик член е на Комисија за квалификација и прием на кандидати на Академијата за обука на судии и јавни обвинители, а во 2009 г. е назначена како ментор за изведување на практична обука за втората генерација на кандидати за судии и јавни обвинители.
Има основни познавања на француски јазик.
АНГЕЛОВА Славе ОЛГА - ГРАЃАНСКИ ОДДЕЛ  Родена е на 1.1.1953 г. во Тетово. Живее во Скопје. По националност е Македонка.
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 3.2.1976 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 15.6.1977 г.
Од 1.5.1976 г. се вработила како приправник во тогашниот Окружен стопански суд Скопје, а потоа од јуни 1977 г. до јуни 1982 г. била стручен соработник во граѓанскиот оддел на истиот суд.
Првпат била избрана за судија во тогашниот Општински суд Скопје I Скопје на 1.9.1982 г. и судела во граѓански оддел. Во истиот суд во периодот од 1992 г. до 1996 г. била истражен судија.
Во месец јули 1996 г. била избрана за судија во Основен суд Скопје I Скопје и постапувала по предмети од граѓански оддел.
На 18.5.2005 г. со одлука за избор 07-1860/1 (Сл.в. на РМ бр.37/05 од 24.5.2005 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде што постапува по предмети во граѓански оддел и е претседател на совет.
Учествувала на повеќе семинари во земјата и странство. Во Академијата за обука на судии и јавни обвинители е избрана за едукатор во областа на граѓанското право.
Искуство во работа со компјутери има во word и интернет.
ПОПЧЕВСКА Лазар СЛАВИЦА - ГРАЃАНСКИ ОДДЕЛ 
Родена е на 3.11.1953 г. во Смедерево. Живее во Скопје. По националност е Македонка.
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 23.6.1977 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 16.4.1979 г.
На 3.10.1978 г. се вработила како приправник во тогашниот Општински суд Скопје II Скопје, а од 1.11.1979 г. работела како стручен соработник во истиот суд.
Првпат била избрана за судија во тогашниот Општински суд Скопје II Скопје на 22.10.1984 г. и судела во граѓански оддел.
Од 27.6.1996 г. била судија во Основен суд Скопје II Скопје и работела во граѓански оддел, се до 1.5.2000 г. кога почнала да суди кривични предмети.
На 18.5.2005 г. со одлука за избор 07-1860/1 (Сл.в. на РМ бр.37/05 од 24.5.2005 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде што постапува по граѓански предмети и е претседател на совет.
Има познавање на англиски јазик.
Искуство во работа со компјутери има во word, excel и интернет. ЃОРЧЕВА Видо ГОРДАНА - ГРАЃАНСКИ ОДДЕЛ  Родена е на 23.5.1959 г. во Скопје. Живее во Скопје. По националност е Mакедонка.
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 29.10.1984 г.
Правосуден испит положила во Скопје во октомври 1986 г.
Во периодот по дипломирањето работела како волонтер во сите одделенија и судската писарница во тогашниот Општински суд Скопје I Скопје, а во септември 1986 г. се вработила како приправник во истиот суд. За стручен соработник во судот била назначена во октомври 1987 г. и работела седум години на граѓански спорови во граѓанско одделение, во извршно одделение и две и пол години на оставински предмети во вонпарнично одделение.
Првпат била избрана за судија во Основниот суд Скопје I Скопје на 27.6.1996 г. и во почетокот работела како извршен судија, а во 1998 г. била распоредена како судија во стопанското одделение во судот.
На 12.12.2001 г. со одлука за избор 07-4201/1 (Сл.в. на РМ бр.99/01 од 18.12.2001 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде што првите четири години работела во трговскиот оддел, потоа две години била распоредена во граѓанскиот оддел, а сега повторно постапува по предмети во трговскиот оддел.
Активно се служи со англиски јазик.
Има познавање од областа на работа со компјутери.
БОШКОВСКА Боривое АНИТА – ГРАЃАНСКИ ОДДЕЛ Родена е на 1.2.1963 г. во Скопје. Живее во Скопје. По националност е Македонка.
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 31.3.1987 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 22.6.1989 г.
На 2.3.1988 г. се вработила како приправник во тогашниот Општински суд Скопје 1 Скопје, каде подоцна работела како стручен соработник во одделение за малолетници, истражно одделение, вонпарнично и парнично одделение.
Во периодот од 1995 г. се до 27.6.1996 г. работела како стручен соработник во Врховниот суд на РМ во управен оддел.
На 27.6.1996 г. прв пат била избрана за судија во Основниот суд Скопје 1 Скопје каде постапувала по предмети од граѓанска материја.
Од 1.4.2007 г. до 25.6.2009 г. била судија во граѓанскиот оддел на Основен суд Скопје 2 Скопје.
Од септември 2007 година работи како постојан едукатор од областа на граѓанското право во почетната обука за судии и јавни обвинители во Академијата за обука на судии и јавни обвинители.
На 25.6.2009 г. е избрана за судија во Апелациониот суд со одлука за избор бр.07-1492/1 од 25.6.2009 г. и постапува по граѓански предмети.
Активно учествувала на повеќе советувања и семинари во РМ и во странство во периодот од 1998 година на разни теми од областа на ЗПП, стекнување, запишување и судска заштита на правото на сопственост, надомест на штета, теоретски и практични аспекти во брачните спорови и семејните односи, медијација, потапување во спорови од работни односи, едукација на едукатори Проект „Развој на наставен кадар“ вовед во Европското законодавство – прелиминарни одлуки на ЕСП.
Има добиено сертификати за учество на конгрес во Подгорица – Теоретски и практични аспекти на законодавството во брачните спорови и семејните односи – регионална работилница „CARDS 2003“, семинар за Обука на едукатори „Примена на одделни членови од европската конвенција за човекови права“ (во соработка со советот на Европа), конгрес во Букурешт организиран од Академијата за судии на Романија, на тема „Техники за пишување на граѓански одлуки“, семинар во Скопје на тема „Обука на обучувачи за Европско законодавство“ организирано од „Centre for European Constitutional Law“, семинар на тема „Правно пребарување“ – организиран од Проектот „CARDS 2004“.
Активно го познава англискиот јазик, а има искуство и за работа со компјутери. МАРТИНОВА Вангел ЛИДИЈА - ГРАЃАНСКИ ОДДЕЛ 
Родена е во Скопје на 2.6.1958 г., каде завршила основно, средно и високо образование. Живее во Скопје. По националност е Македонка.
На Правниот факултет во Скопје дипломирала на 18.5.1982 г.
На 1.5.1983 г. е вработена како судски приправник во тогашниот Окружен суд Скопје.
По положување на правосудниот испит во Скопје на 8.10.1984 г., продолжила да работи во истиот суд како стручен сорабтник се до месец јуни 1996 г.
Првпат е избрана за судија во месец јуни 1996 г. во Основен суд Скопје 1 Скопје.
Во овој суд работи во граѓанскиот парничен оддел се до месец април 2007 г.
Од месец април 2007 г. согласно реорганизацијата на Основните судови во Скопје распоредена е како судија на Основниот суд Скопје 2 Скопје во граѓанскиот парничен оддел.
Во јуни 2009 година е избрана за судија на Апелационен суд Скопје со одлука за избор бр.07-1492/1 од 25.6.2009 година и постапува по предмети во граѓанскиот оддел.
Во 2005 и 2006 година посетувала повеќемесечна обука за едукатори во организација на Академијата за судии и јавни обвинители во РМ и проектот УСАИД за „Развој на наставен кадар“ во врска со примената на новиот Закон за парнична постапка. Од месец 06.2007 година ибрана за постојан едукатор во Академијата за судии и јавни обвинители на РМ. Во периодот од месец 09.2007 година до месец 02.2008 година е ангажирана во наставата за почетна обука по предметот граѓанско право на кандидатите за идни судии во судовите на РМ. ГЕОРГИЕВА Алфред РОЗА – ГРАЃАНСКИ ОДДЕЛ
Родена е на 21.12.1962 г. во Скопје. Живее во Скопје. По националност е Македонка.
Дипломирала на Правен факултет во Скопје на 28.11.1985 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 25.6.1987 г.
Од 2.3.1987 г. работела како стручен соработник во Општински суд Скопје I Скопје на граѓанска и кривична материја.
Од 1.10.1990 г. работела како стручен соработник во Врховен суд на Република Македонија на граѓанска, кривична и управна материја.
Од 2004 г. работела како државен советник во Врховен суд на Република Македонија на кривична материја.
На 17.2.2010 г. со одлука за избор 07-317/1 (Сл.в. на РМ бр.25 од 19.2.2010) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во граѓански оддел.
Има учестувано на повеќе семинари од областа на кривичната материја и судење во разумен рок.
Со одлука на Собрание на РМ 07-4763/1 од 16.11.2009 г. избрана е за член на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво.
Активно се служи со англиски јазик.
Има познавање од областа на работа со компјутери. ЈОВАНОВСКА Методија КАТИЦА – ГРАЃАНСКИ ОДДЕЛ Родена е на 23.1.1952 г. во Куманово. Живее во Скопје. По националност е Македонка.
Дипломирала на Правен факултет во Скопје на 11.11.1976 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 28.10.1996 г.
На 1.4.1977 г. се вработила како правен референт во Издавачко претпријатие Култура Скопје, а од 2.9.1985 г. работела како раководител за општо кадрови работи во ИТШ Вардар Скопје. Од 31.7.1987 г. била Раководител на Сектор за кадрови правни и општи работи во РО Мактранс ц.о. Скопје, а потоа од 31.7.1990 г. работела во Претпријатие за внатрешен н надворешен промет ВАКС ц.о. Скопје.
Од 1.12.1992 г. била самостоен референт за граѓански состојби и државјанство, раководител на матична служба, началник на Одделение за јавен поредок, началник на Сектор за ЗР и помошник за управни и заеднички работи во УВР Скопје.
Од 24.8.2000 г. работела како виш советник во Кабинетот на Директорот за јавна безбедност и главен аналитичар во Сектор за аналитика и истражување во Министерство за внатрешни работи на РМ Скопје.
Првпат бил избрана за судија во Основен Суд Скопје 1 Скопје на 11.7.2002 г. каде работела како извршен и истражен судија.
На 10.6.2010 г. со одлука за избор 07-1044/1 (Сл.в. на РМ 80/10 од 10.6.2010 г.) избрана е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по граѓански предмети.
Има учествувано на повеќе обуки, семинари, работилници и работни групи и тоа:
- работилница на тема „Investigating and prosecuting narcotics’ offences: worldwide and regional trends“ во организација на United States Department of Justice – Office of Overseas Prosecutorial Development, Assistance and Training, Охрид, 19-20.3.2003 г.
- семинар на тема „Трговија со луѓе“ во организација на Здружение на судиите на РМ во соработка со OSCE, Скопје, 9-10.5.2003 г.
- работилница на тема „Organized Crime Investigations“ во организација на United States Department of Justice – Office of Overseas Prosecutorial Development, Assistance and Training, Скопје, 25-27.1.2005 г.
- работилница на тема „Sexual child abuse crimes forensics“ во организација на United States Department of Justice – Office of Overseas Prosecutorial Development, Assistance and Training – International Criminal Incestigative Training and Assistance Program, Охрид, 26-28.10.2005 г.
- член на работна група при Министерсто за правда за изготвување на „Предлог за донесување на Закон за меѓународна правна помош“, Скопје, 2007 г.
- семинар на тема „Гонење на дела од областа на повреда на конкуренција“ во организација на Академија за обука на судии и јавни обвинители и нивни заменици на Република Македонија во соработка со Твининг Проектот на Европската Комисија: Конкурентско право и политика, Скопје, 6-9.3.2007 г.
- семинар на тема „Organized crime I“ во организација на Академија за обука на судии и јавни обвинители и нивни заменици на Република Македонија во соработка со Twinning Project – Fight against Organized Crime and Corruption Unit Public Prosecutor’s Office Скопје, 25-27.9.2007 г.
- студиско патување на семинар на тема „Training Action on Asylum and Immigration“ во организација на Academy of European Law, Триер, Германија, 8-12.10.2007 г.
- семинар на тема „Organized crime II“ во организација на Академија за обука на судии и јавни обвинители и нивни заменици на Република Македонија во соработка со Twinning Project – Fight against Organized Crime and Corruption Unit Public Prosecutor’s Office Скопје, 14-16.11.2007 г.
- семинар на тема „Trafficking in human beings – Smuggling of migrants“ во организација на Twinning Project – Fight against Organized Crime and Corruption Unit Public Prosecutor’s Office, Скопје, 26-28.2.2008 г.
- семинар на тема „International Cooperation in Criminal Matters“ во организација на Twinning Project – Fight against Organized Crime and Corruption Unit Public Prosecutor’s Office, Скопје, 22-24.9.2008 г.
- специјализирана обука на тема „Criminal Investigation of Human Trafficking“ во организација на IOM – International Organization for Migration, Скопје, 13-15.4.2010 г.
Активно се служи со англиски, француски јазик.
Има познавање од областа на работа со компјутери. САМОНИКОВА ДРАКАЛСКА Никола МИЛКА – ГРАЃАНСКИ ОДДЕЛ Родена е на 5.11.1951 г. во Штип. Живее во Скопје. По националност е Македонка.
Дипломирала на Правен факултет во Скопје на 22.11.1977 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 20.10.1979 г.
На 15.5.1978 г. се вработила како приправник во тогашниот Окружен суд Скопје, а по полагањето на правосудниот испит работела како стручен соработник на кривична и граѓанска материја во истиот суд.
Од 21.3.1983 г. работела како стручен соработник во Врховен суд на Република Македонија во граѓански совети.
Првпат била избрана за судија во тогашниот Општински суд за прекршоци на 1.4.1986 г. каде постапувала по стопански прекршоци.
Од 1.7.1996 г. работела како судија во Основен суд Скопје I Скопје во одделот за прекршоци. Во 2005 г. од Претседателот на судот била делегирана како Судија за решавање на прекршоци регулирани во Законот за заштита на конкуренција TWINING проект, при што учествувала во континуирана едукација во Проектот финансиран и организиран од Европската Агенција за реконструкција во партнерство со СР Германија.
Во почетокот на 2006 г. била прераспоредена како судија во одделот за стопански спорови, а од 18.4.2007 г. станала судија во Основен суд Скопје II Скопје и работела на истата материја. Со одлука на Претседателот на судот постапувала како член на Стечаен совет по изјавените жалби против првостепените решенија на стечајните судии. Од месец мај 2010 г. постапувала и по парнични предмети.
На 10.6.2010 г. со одлука за избор 07-1044/1 (Сл.в. на РМ 80/10 од 15.6.2010) избрана е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по граѓански предмети.
Има учествувано на повеќе семинари и тоа за заштита на конкуренција, заштита на аворски права, трговска марка и заштита на потрошувачите.
Активно се служи со англиски јазик.
Има познавање од областа на работа со компјутери. АЛИУ Сафет СУАД - ГРАЃАНСКИ ОДДЕЛ Роден на 8.4.1977 година во Тетово. Живее во с.Г.Седларце, Тетово. По националност е Албанец.
Дипломирал на Правен факултет, Универзитет “Св.Кирил и Методиј“ Скопје во 2003 година.
Правосуден испит положил во Скопје на 25.4.2005 година.
Во текот на 2002 година работел како волонтер-приправник во адвокатска канцеларија на Снежана Калевска, адвокат од Скопје.
Во 2003 година бил волонтер во Основниот суд Тетово.
Истата година, во период од 8 месеци бил ангажиран како правник во невладината организација Центар за демократски развој и работел на повеќе проекти: „Сите за правично судење (набљудување на судења)“, „Правна помош за повратниците, внатрешно раселените лица, лицата без државјанство и лицата кои живеат подолго време во РМ но немаат државјанство на РМ“.
На ден 5.2.2004 година се вработил во Министерство за правда, подрачна единица Тетово како помлад соработник за избори во Секторот за државна управа, изборен систем и управни надлежности.
Од 11.11.2005 година работел како стручен соработник во Основниот суд во Тетово и тоа прво во кривичниот оддел, потоа во истражното одделение и во граѓанскиот оддел.
Првпат бил избран за судија во Основниот суд во Тетово на 26.08.2008 година каде постапувал по граѓански предмети.
На 30.03.2011 година со одлука за избор 07-588/1 (Сл.в. на РМ бр.42/11 од 4.4.2011 година) е избран за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел.
Посетувал бројни семинари и професионални обуки.
Има солидно познавање на македонски, англиски, српски и хрватски јазик, како и одлични познавања за работа со компјутер. ДИКА ГЕОРГИЕВСКА Ристо МЕРИ - ТРГОВСКИ ОДДЕЛ  Родена е на 3.3.1961 г. во Скопје. Живее во Скопје. По националност е Влаинка.
Дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје на 16.9.1985 г.
На 1.11.1985 г. се вработила како адвокатски приправник во Адвокатската канцеларија на адвокат Ристо Дика од Скопје, а по истекот на приправничкиот стаж на ден 18.2.1987 г. го положила правосудниот испит, по што продолжила да работи како стручен соработник во истата канцеларија се до 6.5.1989 г. кога со запишувањето во Адвокатската комора во Скопје започнала да извршува самостојна дејност – адвокат.
Првпат е избрана за судија во Основен суд Скопје II Скопје на 27.6.1996 г. каде судела во стопански оддел.
На 18.5.2005 г. со одлука за избор 07-1860/1 (Сл.в. на РМ бр.37/05 од 24.5.2005 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде што постапува по предмети од областа на стопански спорови, стечај и други предмети во кои како субјекти се јавуваат правни лица и е претседател на трговскиот оддел.
Има солидно познавање на англискиот јазик.
Искуство во работа со компјутери има во word и интернет. АНДРЕЕВА Александар НАДИЦА - ТРГОВСКИ ОДДЕЛ  Родена е на 28.8.1954 г. во Велес. Живее во Велес. По националност е Македонка.
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 24.11.1977 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 14.6.1980 г.
На 1.7.1978 г. се вработила како приправник во тогашниот Општински суд Титов Велес, а од 15.6.1980 г. работела како стручен соработик во истиот суд.
Првпат била избрана за судија во тогашниот Општински суд Титов Велес на 30.12.1980 г. и судела во граѓански оддел.
На 27.6.1996 г. била избрана за судија во Основен суд Велес и постапувала по граѓански предмети се до 1.2.2002 г., кога почнала да суди во стопански оддел.
На 7.2.2006 г. со одлука за избор 07-636/1 (Сл.в. на РМ бр.17/06 од 10.2.2006 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде што постапува по предмети во трговскиот оддел и е претседател на одделот за судска практика.
Во текот на целото траење на работниот стаж постапувала исклучиво по предмети од граѓански оддел, предмети од стопански оддел и предмети за стечај и ликвидација.
Во текот на работата била одговорна на граѓанскиот оддел во Основниот суд Велес, заменик претседател на Основниот суд Велес, а одреден период ја вршела функцијата претседател на Основен суд Велес.
Има солидно познавање на англискиот јазик.
Искуство во работа со компјутери има во word и интернет.
ЗУЛФИУ Реџеп БЕЌИР - ТРГОВСКИ ОДДЕЛ  Роден е на 7.8.1949 г. во с.Пирок, Тетово. Живее во Тетово. По националност е Aлбанец.
Дипломирал на Правниот факултет во Приштина на 28.9.1972 г.
Правосуден испит положил во Скопје на 14.2.1981 г.
На 1.3.1973 г. се вработил како референт за странски осигуреници и странски пензии во тогашната Заедница за здравствено осигурување Тетово.
Од 17.6.1974 г. работел како началник на правна служба во тогашната Општинска заедница за здравствено осигурување Тетово.
Првпат бил избран за судија во тогашниот Општински суд за прекршоци Тетово на 1.3.1988 г.
Од 1.7.1996 г. работел како судија во Основниот суд Тетово.
На 19.7.2005 г. со одлука за избор 07-2849/1 (Сл.в. на РМ бр. 60/05 од 19.7.2005 г.) е избран за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во трговскиот оддел и е претседател на совет.
ДУКОВСКА Благоја ЕЛИЗАБЕТА - ТРГОВСКИ ОДДЕЛ
Родена е на 30.7.1961 г. во Скопје. Живее во Скопје. По националност е Македонка.
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 19.10.1987 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 15.2.1990 г.
Од 1.4.1990 г. работела во Основен суд на здружен труд Скопје како стручен соработник.
Од 1.1.1992 г. работела во Окружен стопански суд Скопје како стручен соработник во одделението за стопански спорови.
Од 1.7.1996 г. работела во Основен суд Скопје I - Скопје како стручен соработник во одделението за регистрација.
Од 10.1.1997 г. работела во Апелационен суд Скопје како стручен соработник во стопанското одделение.
Првпат била избрана за судија во Основен суд Скопје I - Скопје на 19.3.2004 г. каде постапувала по предмети во стечајното одделение. Од јули 2007 г. работела како стечаен судија во Основен суд Скопје II – Скопје.
На 19.11.2009 г. со одлука за избор 07-3042/1 (Сл.в. на РМ бр.141/09 од 23.11.2009 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во трговскиот оддел.
Активно се служи со англиски јазик.
Има познавање од областа на работа со компјутери. ЃОРЃИЕСКА ЗЕКИРИЈА Методија СНЕЖАНА – ТРГОВСКИ ОДДЕЛ
Родена е на 6.1.1960 г. во Прилеп. Живее во Скопје. По националност е Македонка.
Дипломирала на Правен факултет во Скопје на 23.12.1985 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 12.12.1989 г.
На 27.5.1986 г. се вработила како правник во Управата за општествени приходи на Град Скопје.
Од 6.7.1987 г. работела како приправник во Окружен стопански суд Скопје во областа на стопанското право.
Од 1989 г. работела во Окружен стопански суд Скопје како стручен соработник на стопански парници, а од 1994 г. била стручен соработник во стечајно одделение.
Првпат била избрана за судија во Основен суд Скопје I - Скопје на 27.6.1996 г. каде постапувала по предмети во стечајното одделение.
Од 1998 г. во Основен суд Скопје I - Скопје постапувала по предмети од стопанска парница, а од јули 2007 г. работела како судија во Основен суд Скопје II – Скопје на истата материја.
На 17.2.2010 г. со одлука за избор 07-317/1 (Сл.в. на РМ бр.25 од 19.2.2010) избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во трговскиот оддел и е претседател на совет.
Има учестувано на повеќе семинари од областа на трговското право и има стекнато сертификати за:
- заштита на индустриска сопственост
- трговско право
- заштита од нелојална конкуренција
Во Академијата за судии и јавни обвинители е ментор за трговско право.
Активно се служи со англиски јазик.
Има познавање од областа на работа со компјутери.
ЛИМАНИ Мустафа АБДУЛА - ТРГОВСКИ ОДДЕЛ Роден е на 2.8.1953 г. во Кичево. Живее во Кичево. По националност е Албанец.
Дипломирал на Правниот факултет во Приштина на 15.11.1977 г.
Правосуден испит положил во Приштина во 1980 г.
На 15.3.1978 г. се вработил во Собранието на општина Кичево.
Од 1.1.1989 г. работел во Јавно правобранителство за општина Кичево и Македонски Брод како приправник и стручен соработник.
Во периодот од септември 2004 г. до јуни 2006 г. работел како адвокат во Кичево.
Првпат бил избран за судија во Основниот суд Кичево на 1.7.2006 г. каде постапувал по предмети од граѓанска материја.
На 19.11.2009 г. со одлука за избор 07-3042/1 (Сл.в. на РМ бр.141/09 од 23.11.2009 г.) е избран за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапувал по предмети во граѓански оддел, а сега постапува по предмети во стопански оддел.
Активно се служи со англиски јазик.
Има познавање од областа на работа со компјутери. НИКОДИНОВСКА Владимир ЈОВАНКА - ТРГОВСКИ ОДДЕЛ Родена на 21.3.1956 г. во Скопје. Живее во Скопје. По националност е Македонка.
Дипломирала на Правен факултет Скопје на 21.12.1978 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 17.4.1980 г.
Прв пат се вработила во месец април 1979 г. како приправник во тогашниот Окружен стопански суд Скопје, каде од месец април 1980 г. била стручен соработник во извршно одделение, одделение за евиденција и судска пракса и во одделението за стопански парници.
Првпат била избрана за судија во тогашниот Општински суд Скопје I Скопје во месец ноември 1985 г. и била распоредена во истражното одделение, а потоа на граѓанска парница. На 27.6.1996 г. повторно била избрана за судија во Основен суд Скопје I Скопје и работела како парничен судија.
Од октомври 2004 г. до февруари 2005 г. била Вршител на должност Претседател на Основен суд Скопје I Скопје, а потоа се до април 2007 г. била судија во истиот суд и постапувала по граѓански парници.
Од април 2007 г. до 11.11.2008 г. како судија во Основен суд Скопје II Скопје исто така работела на граѓански парници.
Со Одлука на Судскиот совет на република Македонија во ноември 2008 г. била делегирана за судија во Основен суд Куманово да ја извршува функцијата Претседател на Основен суд Куманово.
Од 25.6.2009 г. декември 2010 г. до работела како судија на граѓанска парница во Основен суд Скопје II Скопје.
На 7.12.2010 г. со одлука за избор 07-1869/1 (Сл.в. на РМ бр.160/10 од 13.12.2010 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во стопанскиот оддел и е претседател на совет.
Судијата е одговорно лице за односи со јавноста за прашања во врска со предмети од граѓанска област.
ДОПОЛНИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ (во рамките на судот)
Јануари 2001 – 2002 – Претседател на граѓанскиот оддел при Основен суд Скопје 1 Скопје.
Јануари 2002 – 2004 – Заменик Претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје.
Фебруари 2005 - фебруари 2006 – одговорен судија на парничниот оддел при Основен суд Скопје 1 Скопје.
Јуни 2007 до октомври 2008 – одговорен судија на одделение за интабулации и хипотеки при Основниот суд Скопје II Скопје.
Координатор на Основниот суд Скопје II Скопје со Академијата за обука на судии и јавни обвинители.
ДОПОЛНИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ
Постојан едукатор во Академијата за обука на судии и јавни обвинители и нивни заменици во Скопје во:
1. Почетната обука за предметот: Алтернативно решавање на споровите – Медијација во рамки на граѓанско право
2. Континуираната обука на судии и обвинители и одржани обуки на теми:
· Психолошки аспекти на сослушувањето на сведоците и другите учесници во постапката
· Подготвително рочиште
· Техники на пишување на пресуди и јазична култура
· Препознавање на предмети подобни за медијација
· Процесни одлуки вон и во текот на расправата
· Европска конвенција за човековите права чл. 10 и чл. 6
· Службеност – поим , видови , стекнување и престанок
· Тркалезна маса на тема „Детето во услови на разделување на родителите и разводот на бракот“ и „Постапка пред судот во брачните спорови“
ИСКУСТВА И ДОСТИГНУВАЊА НА ПОЛЕТО НА ЕДУКАЦИЈАТА
· помината обука за едукатор организирана во рамки на Проектот за модернизација на судството – УСАИД, април 2006 г.
· помината обука и добиен сертификат за медијатор ТНС – 3 од Канадскиот Институт за решавање на конфликти
· помината обука и добиен сертификат медијација – обука за тренери од Здружението на Медијатори во Босна и Херцеговина – Сараево
СПЕЦИЈАЛИЗАЦИИ, УСОВРШУВАЊА И СЕМИНАРИ
Обуки организирани од Центарот за континуирана едукација на судиите при Здружението на судиите – Скопје
· обука за WINDOWS и MS WORD
· англиски јазик организирано во соработка со фондацијата СОРОС
· англиски јазик за правници организирано од Американската Амбасада во Скопје
· англиски јазик организирано преку Работнички Универзитет Кочо Рацин – Скопје
· обука за новиот Закон за парнична постапка
· обука за Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување организирано од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување , Охрид ноември 2007 г.
Учество на семинари во земјата на различни теми
· надомест на штета
· работни спорови
· катастар
· комунални дејности
· за признавање на странски судски одлуки организирано од тим на експерти од Луксембург, Шведска и Грција
· вовед во европско законодавство организирано од Секторот за европска интеграција при Генералниот секретарјатат на Владата на РМ
· алтернативно решавање на споровите – медијација , организирано од Британската Амбасада во Скопје
Учество на меѓународни семинари
· заштита на индустриската сопственост – Луксембург
· работни спорови – семинар за меѓународните работнички стандарди организирано од Меѓународната организација на трудот – Торино, Италија
· посета на Институтот за судии и обвинители во Република Романија организирана преку Кардс Регионален програм
· семинар за судска заштита на авторските и други сродни права за судии и обвинители во Сараево
· семинар за развој на заедничка регионална програма за човекови права организиран од Националниот Институт за обука на судии - Букурешт, Романија
· студиска посета на центри за медијација во Црна Гора , Подгорица и Котор , 26 – 28 Октомври 2009 г.
· студиска посета на Холандија ,организирано од Министерството за правда на РМ со посета на Министерството на правда на Холандија , Комората на Медијатори на Холандија , учество на семинар и учество на конференција за Развој на медијацијата во Шевенинген , 16 – 20 Ноември 2009 г.
Учество во работни групи
-
член на работната група за изработка на Судскиот деловник
-
член на работната група за изработка на Образецот за оценување на судиите
-
член на работната група за изработка на Предлог орентациона норма за судиското работење
-
член на работна група при Министерството на правда за измена и дополнување на Законот за парнична постапка
-
излагач на Обука на медијатори на тема Препознавање на предмети подобни за медијација и медијација во судската постапка
-
член на работна група за изработка на Коментар на Законот за медијација
БАЈЛОЗОВА Петар СНЕЖАНА - ТРГОВСКИ ОДДЕЛ
Родена е на 25.9.1957 г. во Скопје. Живее во Скопје. По националност е Македонка.
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 20.3.1981 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 22.10.1982 г.
Веднаш по дипломирањето од 1.9.1981 г. била примена на работа во тогашниот Окружен суд Скопје како приправник, а во 1982 г. се стекнала со звање стручен соработник во истиот суд и работела на предмети и од граѓанска и од кривична материја.
Од 1.4.1986 г., по пат на спогодба преминала на работа во Врховен суд на Република Македонија, кадешто како стручен соработник работела исклучиво на предмети од граѓанска материја.
Првпат била избрана за судија во Основен суд Скопје I Скопје на 16.11.1987 г. каде се до 1996 г. работела на предмети од граѓанска материја, а потоа се до 2008 г. работела на предмети од кривична материја.
На 20.5.2008 г. со одлука за избор 07-1185/1 (Сл.в. на РМ бр.66/05 од 28.5.2008 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје каде што постапува по предмети во Трговскиот оддел.
Како првостепен судија учествувала на сите семинари кои биле организирани во РМ, било од граѓанската било од кривичната област. Била претставник на РМ и на семинари организирани од Советот на Европа во Букурешт, Мадрид, Виена и Тирана, а кои се однесувале на состојбите во судството во РМ и Организираниот криминал. За овие учества поседува и безброј признаници – сертификати.
Од 2004 г. до 2007 г. била член на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје I Скопје, а потоа од крајот на 2007 г. до мај 2008 г. и претседател на Кривичниот совет во истиот суд.
Во 2006 г. е избрана за претседател на Основната организација на Здружението на судии при Основниот суд Скопје I Скопје, каде останува се од изборот за судија во Апелационен суд Скопје.
Од страна на Академијата за обука на судии и јавни обвинители во 2008 г. е определена за ментор од кривична област.
Во периодот од 1996 г. до 2004 г. учествувала во сите избори во Република Македонија и тоа и како претседател и како член на изборна комисија.
Во 2009 г. од страна на Академијата за обука на судии и јавни обвинители е определена за ментор за изведување на практична обука на втората генерација на кандидати за судии и јавни обвинители од граѓанската област. РАФАЈЛОВСКА Иван ОЛИВЕРА - ПРЕКРШОЧЕН ОДДЕЛ  Родена е на 21.11.1948 г. во Штип. Живее во Скопје. По националност е Македонка.
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 12.2.1974 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 10.6.1975 г.
Од 1.4.1974 г. работела како приправник во тогашниот Окружен суд Скопје, а потоа од јуни 1975 г. до октомври 1977 г. била стручен соработник во граѓанскиот оддел на истиот суд.
Првпат била избрана за судија во тогашниот Општински суд Скопје II Скопје на 4.10.1977 г. и судела во граѓански оддел.
Во октомври 1987 г. била избрана за судија во тогашниот Окружен стопански суд Скопје и постапувала по предмети во одделот за стопански спорови и одделението за стечај.
Од 1.7.1996 г. работела како судија во Основен суд Скопје I Скопје во граѓанскиот оддел и во одделението за стопански спорови.
На 12.12.2001 г. со одлука за избор 07-4201/1 (Сл.в. на РМ бр.99/01 од 18.12.2001 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде што постапувала по предмети од кривичен и граѓански оддел, а сега суди по предмети во прекршочниот оддел.
Има основни познавања на француски и англиски јазик.
Искуство во работа со компјутери има во word и power point.
ТАСЕВА Стојан ЛИДИЈА - ТРГОВСКИ ОДДЕЛ Родена на 20.6.1954 година во Штип. Живее во Скопје. По националност е Македонка.
Дипломирала на Правен факултет при Универзитетот “Кирил и Методиј“ во Скопје на 24.11.1978 година.
Правосуден испит положил во Скопје во 1980 година.
На 15.1.1979 година се вработила како приправник во тогашниот Окружен суд во Скопје, каде по полагањето на правосудниот испит била распоредена како стручен соработник, од областа на кривичната и граѓанската материја, се до месец октомври 1982 година.
Од 1.11.1982 година била примена како стручен соработник во Врховниот суд на РМ, каде покрај изготвувањето на одлуки и подготовка на предмети од областа на граѓанско право, учествувала и во подготвување на Збирките на Врховниот суд со изработка на сентенци и образложенија.
Првпат била избрана за судија во тогашниот Општински суд Скопје II Скопје на 10.3.1986 година, каде работела на граѓанска материја се до 7.10.1992 година кога била примена во Адвокатска коморана на Република Македонија и работела како адвокат.
На 25.3.1998 година повторно е избрана за судија во Основниот суд Скопје II Скопје, каде извршувала работни задачи во граѓанскиот оддел.
На 18.7.2011 година со одлука за избор 07-1315/1 (Сл.в. на РМ бр.98/11 од 19.7.2011 година) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во одделот за трговски спорови.
Учествувала на бројни семинари во земјата и во странство.
Има солидно познавање на англиски јазик, како и одлични познавања за работа со компјутер. ВЕЛИЧКОВСКИ Јован АНГЕЛ - ПРЕКРШОЧЕН ОДДЕЛ  Роден е на 27.5.1948 г. во с.Градец, Крива Паланка. Живее во Скопје. По националност е Mакедонец.
Дипломирал на Правниот факултет во Скопје на 9.5.1974 г.
Правосуден испит положил на 19.2.1976 г. во Скопје.
Во јуни 1974 г. се вработил како приправник во тогашниот Окружен стопански суд Скопје, а од февруари 1976 г. работел како стручен соработник во истиот суд.
Првпат бил избран за судија во тогашниот Општински суд Скопје II Скопје на 28.9.1978 г. и работел на кривична материја.
Во почетокот на 1987 г. бил избран за судија во тогашниот Окружен суд Скопје и работел на кривична материја.
На 13.03.1996 г. со одлука за избор 08-991/1 (Сл.в. на РМ бр.14/96 од 20.3.1996 г.) е избран за судија во Апелациониот суд Скопје, каде во почетокот работел на граѓанска материја, а сега е судија во прекршочен оддел, претседател е на совет и претседател на прекршочниот оддел.
Има основни познавања на француски јазик.
КИМОВА Тодор ПАВЛИНА - ПРЕКРШОЧЕН ОДДЕЛ  Родена е на 19.3.1950 г. во Скопје. Живее во Скопје. По националност е Македонка.
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 16.4.1975 г.
Правосуден испит положила во Скопје на 20.10.1976 г.
Од 1.9.1975 г. се вработила како приправник во тогашниот Окружен стопански суд Скопје, а по завршувањето на приправничкиот стаж работела како стручен соработник во истиот суд.
Од 1.5.1981 г. работела како стручен соработник во Врховниот суд на Република Македонија и изготвувала одлуки во кривичен оддел.
Првпат била избрана за судија во тогашниот Општински суд Скопје I Скопје на 3.4.1987 г. и работела прво како истражен судија, а потоа и како судија во кривичен оддел.
На 2.4.1996 г. со одлука за избор 08-1248/1 (Сл.в. на РМ бр.17/96 од 10.4.1996 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде што постапува по предмети во прекршочен оддел, а има постапувано и по предмети во граѓански оддел.
Има добри познавања на француски јазик.
|
|
| |
|
|